Македонско девојче на врвот на топ листа на најдобрите 50 во светот на храната во Британија

Фото кредит: The Guardian
891

Под насловот 50 работи што ги сакаме во светот на храната во моментов, во пролетната листа на Observer food montly на британскиот Гардијан, првото место и насловната фотографија ѝ припаѓаат на нашата Спасија Динковски, а семејството и целата македонска заедница во Велика Британија се горди на оваа вредна и креативна девојка.

Во најновото онлајн и печатено издание на  британскиот Гардијан, претставени се омилените јадења на Observer Food Monthly (ОФМ) за 2022 година која се објавува секоја пролет, а се однесува на 50 места, луѓе и проекти во светот на гастрономијата кои ги воодушевиле со својата работа.

Рецензијата на најдобрите 50 започнува со Спасија Динковски и нејзиниот Mystic Börek: најдобрите печива на Инстаграм.

За Спасија Динковски, раните денови на карантинот заради ковид беа време на можност. Работејќи 15 години во рамките на угостителскиот бизнис на други, пишува ОФМ, таа решила да се фокусира на себе, базирајќи се на усовршување на нејзиното омилено печиво кое го правела нејзината баба Македонка. Во август 2020 година, таа го лансирала Mystic Börek: клиентите ќе ѝ нарачале од нејзините прекрасни пити, преку Инстаграм, а таа со нејзината количка им ги доставувала на одредени точки низ Лондон.

До март 2021 година Динковски се преселила во професионална кујна и доставувала низ Лондон. Доставата низ целата земја е комплицирано, но таа има во план нејзините пити да се појвуваат и во ресторани надвор од главниот град. Во меѓувреме, соработките со други готвачи ѝ овозможува да ги измеша своите балкански вкусови со други кујни и да има друштво во кујната.

„Работам сама толку долго; убаво е да се изгради заедница“, вели таа. Динковски постојано црпи инспирација од тоа како таа сака да јаде, што значи дека печењата на Мистик Борек никогаш не биле целосно автентични, но на почетокот на овој месец таа ѝ се вратила на тетраткаата со рецепти на нејзината баба за нејзината прва целосно традиционална вечера. Наречена „Дома“, што значи „дом“ на многу словенски јазици, вечерата беше прва во серијата што ќе го промовира сезонското јадење. „Сега имам толку многу балкански клиенти“, вели таа. „Навистина сакав да ги почестам со соодветно парче дом“.