Најдобриот рецепт за пандишпан за почетници

Важен дел од речиси секој колач и торта е пандишпанот. Толку е важен што ако тој не излезе како што треба, целиот останат труд е бескорисен. Еве еден одличен рецепт за почетници, но и за искусни во кујната.

0
217

Состојки:

75 г брашно

75 г густин

5 јајца

150 г шеќер

Прстофат сол

Приготвување:

Во длабок сад ставете јајца, прстофат сол и постепено дпдавајте шеќер мешајќи со миксерот.

Мешајте додека обемот на смесара не се зголеми доволно и додека не стане светло-жолта, кремава и мазна.

Просејте ги брашното и густинот и полека низ ситото ставајте го во смесата мешајќи полека со дрвена лажица и тоа со движења од дното на садот кон врвот, внимавајќи да не излезе целиот воздух од смесата. Не смеете брзо да мешате.

Намрсете и поросете го со брашно калапот за торта со пречник од 24 цм.

Полека истурете ја смесата во калапот и пазете притоа да не го тресете многу садот и да не удирате со лажицата од рабовите на калапот. Воздухот мора да остане во смесата.

Со лопатче за крем израмнете ја површината на смесата и ставете ја во претходно загреана рерна на 180 степени C. Печете околу 40 минути.

Не смеете да ја отварате рерната првите 30 минути затоа што пандишпанот ќе спласне. Последните десетина минути можете да пробате дали е печен со чепкалка.

Без оглед дали врз пандишпанот ќе ставате крем или не, свртете го оладениот пандишпан такашто мазната страна која била на дното од калапот да биде горе.