На овој труд грашок не јадам!

Фото: Unsplash
223

Иако некои не го сметаат за достоен оброк, особено после некоја поголема физичка активност, тој е дефинитивно токму тоа – оброк полн со хранливи материи

Видеото со младиот извидник кој зимава го привлече вниманието на јавноста, а во кое тој велеше дека на толкав труд, сигурно нема да јаде грашок, всушност е сосема погрешен став. Имено, грашокот е добар токму за зголемување на енергијата и забрзување на метаболизмот. Никогаш немојте да пропуштате чинија грашок бидејќи е одлично природно средство за забрзување на метаболизмот, зголемување на енергијата на телото и стабилизирање на нервниот систем.

Ова растение припаѓа на мешунките и има многу лековити состојки. Затоа, секогаш е добредојдено во исхраната и може да се подготви на различни начини: како предјадење, во салати, супи или како главно јадење, со секакви видови на месо, со ориз, компири и слично.

Содржи доста калории, јаглени хидрати, протеини, влакна. Богат е со калиум, железо, витамини (А, Ц, Б1, Б9). Свежиот млад грашок е богат со корисни состојки, додека сувиот грашок има најмногу калории.

Редовното консумирање на оваа храна обезбедува постојан прилив на енергија, правилна работа на цревата и во исто време го забавува растот на гликозата и холестеролот во крвта. Витаминот Б1 има корисен ефект врз нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Грашокот е многу корисен за метаболизмот кај луѓето кои долго време биле под дејство на антибиотици.