Кога има тиквици, има сѐ: Добри се против парадентоза, рак на цревата, холестерол, за слабеење…

Фото: Unsplash
1

Лабораториските истражувања утврдиле дека фитонутриентите во сокот од тиквиците имаат антиканцерогени својства зашто ја спречуваат мутацијата на клетките. Тие се една од најздравите пролетни и летни намирници и едни од ретките кои можете во целост да ги искористите.

Тиквичките се одлични против воспаленија и астма, а нивните семки ја намалуваат опасноста од мултиплекс склероза.

Тиквичките се една од најздравите пролетни и летни намирници кои можеме да ги приготвиме на сто начини, хранливи се и едни од ретките кои можете во целост да ги искористите.

Имено, и кората на тиквичките крие во себе бројни хранливи состојки, исто како и нејзиното месо и семките. Во француската и италијанската кујна, а порано повеќе отколку сега, и кај нас, се консумираат и цветовите од тиквици, за кои гурманите тврдат дека се повкусни од самите тиквички.

Иако во кулинарството се третираат како зеленчук, според ботаниката тие се овошје.

Освен што не се многу калорични, тиквичките поволно влијаат на човечкиот организам. Ја одржуваат витката линија, ја подобруваат концентрацијата, ги смируваат нервите, ги зајакнуваат мускулите и срцето. Влијаат врз исфрлањето вода и штетни материи од телото. Иако имаат помалку вода од краставиците, содржат повеќе витамини и минерали.

Популарни се и поради ниската калорична вредност, а изобилуваат со витамин Ц, калиум, калциум, фосфор и селен. Го подобруваат варењето, а се препорачуваат како совршен додаток со риба и месо.

Малку е познато дека тиквицата може да придонесе за лекување на астмата и дека има силни противвоспалителни својства папомага во спречување на парадентозата, но се користи и во борбата против други воспаленија.

Семките од овој зеленчук се ефикасни и во намалувањето на високиот крвен притисок, а ја намалуваат и опасноста од појава на мултиплекс склероза.

Лабораториските истражувања утврдиле дека фитонутриентите во сокот од тиквиците имаат антиканцерогени својства зашто ја спречуваат мутацијата на клетките. Се покажало дека се добри во превенцијата на рак на цревата, го контролираат шеќерот во крвта и го намалуваат апетитот, а соединенијата во нив го чуваат зравјето на васкуларниот систем и го снижуваат холестеролот.

Исто така, поволно дејствуваат на варењето. Ако не можете да ги консумирате сами и во свеж облик, како салата, помешајте ги со сезонски зеленчук како краставиците и нема да забележите битна разлика во вкусот.

Благодарение на антиоксидантите делуваат и противвоспалително, па се одлични за сувата кожа. Затоа можете да ги користите и надворешно, исечени на тркалца и ставени директно на кожата.

Заради високиот процент на манган, тиквиците поволно делуваат на сите функции на организмот.