Не ги фрлајте дршките од пиперки: Искористете ги за подобар вкус на јадењата

Фото: Pixabay
418

Ако го сакате вкусот на пиперки сигурно ќе ви недостасува во зима, па потрудете се да го зачувате сега, кога има пиперки во изобилие. Еве како.

Дали знаете дека е добро да ги зачувате дршките на пиперките? Ако досега откако ќе направевте некое јадење со пиперки, на пример, полнети пиперки или летна манџа, ги фрлавте дршките, сега престанете со тоа. Летото е сезона за овој вкусен зеленчук, но во зима тие се поскапи и не се толку често на менито. Затоа, паметните и економични готвачи сфатиле како вкусот на пиперките да го има во сите јадења.

Наместо да ги фрлате дршките од пиперката кога ги чистите, ставете ги во кеса и потоа во замрзнувач. За да го збогатите секое јадење во зима, извадете ги стебленцата од замрзнувачот и ставете ги во храната што ја подготвувате. Се користат како зачин. Може да се додадат во супа, чорби, месо …

Секако, нема да ги јадете. Отстранете ги од готовото јадење, а тоа ќе биде многу повкусно и поароматично.