Посен зелник со праз

991

Нашата читателка Верче Ројдева од Велес ни испрати фотографии од својот посен зелник со праз за кој ни кажа дека го правела следејќи ги инструкциите на јутјуб. Таа е добитничка на два готвачи во издание на „Топер“

Состојки:

За тестото:

1 кг брашно

пола коцка квасец (20г)

100 г кисела вода

100 г зејтин

1 лажичка сол

За филот:

5 страка праз

200 мл зејтин

малку сол и црн пипер

Приготвување:

Прво го подготвуваме тестото.
Квасецот го ставаме во топла вода, го размешуваме убаво, го истураме во брашното, ставаме зејтин, сол, малку оцет и замесуваме тесто.
Тестото го ставаме настрана да постои малку.

Празот го сечеме ситно и го пржиме со зејтин.
Тестото го делиме на 7 дела.
Првата кора ја сукаме поголема, тепсија ја премачкуваме со зејтин, ја ставиме првата кора. Краевите ги оставаме надвор од тепсија. Кората ја попрскуваме со зејтин и со кисела вода.
Другите кори ги сукаме, попрскуваме со кисела вода и со зејтин и ги виткаме. Ги редиме на првата кора. Исто постапуваме со останатите кори.
Во средина оставаме место за праз и го истураме празот.
Со првата кора ги покриваме сите кори и ги виткаме убаво.
Ставаме во рерна да се пече.