Почина творецот на виното „Барово“

1.200

„Изгубивме голем пријател и соработник. Неговиот придонес во развојот на ‘Тиквеш’ и на македонската винска индустрија е огромен. Токму преку енолошкиот тим на нашата винарница ќе продолжи да ‘живее’ духот на Камби“, велат од ‘Тиквеш’. Филип Камби, еден од најпознатите светски енолози заслужен за развојот на современата винска индустрија, ненадејно почина на 59-годишна возраст. Камби беше и еден од консултантите на Винарската визба „Тиквеш“ и на Chateau De Gourdon во Франција, каде што работеше во повеќе винарници, особено во долината на реката Рона.

Соработката помеѓу Камби и „Тиквеш“ започна во 2009 година, а веќе следната година тој беше прогласен за најдобар енолог во светот од страна на престижниот вински критичар Роберт Паркер. Во „Тиквеш“, Камби заедно со Марко Стојаковиќ, предводник на тимот енолози во винарницата, работеше на создавање на врвните тероар вина, денес едни од најнаградуваните – „Бела Вода“, „Барово“ и „Домен Лепово“.  Покрај тоа, Камби помогна во идентификувањето на нови автентични микролокации во земјава и го промовираше македонскиот тероар.

Иако неговата работа во светот на виното беше меѓународно високо вреднувана, Камби скромно и посветено пристапуваше на секој нов проект, фокусирајќи се на автентичните потенцијали. За него најважни фактори за создавање на врвни вина беа тероарот, лозовите насади, климата и страста со која се создава една винска приказна. Неговата способност за разбирање на потребите и навиките на современите љубители на виното во голема мерка е втемелена во концептот на врвните вина на „Тиквеш“ а токму тој концепт беше голем поттик за развој на винската индустрија во земјава и во регионот.

Филип Камби, еден од најпознатите светски енолози заслужен за развојот на современата винска индустрија, ненадејно почина на 59-годишна возраст. Камби беше и еден од консултантите на Винарската визба „Тиквеш“ и на Chateau De Gourdon во Франција, каде што работеше во повеќе винарници, особено во долината на реката Рона.

Соработката помеѓу Камби и „Тиквеш“ започна во 2009 година, а веќе следната година тој беше прогласен за најдобар енолог во светот од страна на престижниот вински критичар Роберт Паркер. Во „Тиквеш“, Камби заедно со Марко Стојаковиќ, предводник на тимот енолози во винарницата, работеше на создавање на врвните тероар вина, денес едни од најнаградуваните – „Бела Вода“, „Барово“ и „Домен Лепово“.  Покрај тоа, Камби помогна во идентификувањето на нови автентични микролокации во земјава и го промовираше македонскиот тероар.

Иако неговата работа во светот на виното беше меѓународно високо вреднувана, Камби скромно и посветено пристапуваше на секој нов проект, фокусирајќи се на автентичните потенцијали. За него најважни фактори за создавање на врвни вина беа тероарот, лозовите насади, климата и страста со која се создава една винска приказна. Неговата способност за разбирање на потребите и навиките на современите љубители на виното во голема мерка е втемелена во концептот на врвните вина на „Тиквеш“ а токму тој концепт беше голем поттик за развој на винската индустрија во земјава и во регионот.

Камби често потенцираше: „Луѓето сакаат ново врвно искуство, сега и веднаш, а автентичните сорти, се нешто што само вие можете да ги понудите. Луѓето сакаат да пробаат нови работи и затоа треба да се искористат сите средства за да се раскаже таа автентична приказна“.

„Изгубивме голем пријател и соработник. Неговиот придонес во развојот на „Тиквеш“ и на македонската винска индустрија е огромен. Страста со која пристапуваше во својата работа успешно ја пренесе и на енолошкиот тим со кој работеше во земјава и во странство, а кој понатаму самостојно успеа да создаде нови вински потенцијали и да ја збогати винската карта на „Тиквеш“. Токму преку енолошкиот тим на нашата винарница ќе продолжи да „живее“ духот на Камби“, велат од „Тиквеш“.

Винарската визба „Тиквеш“ ќе му оддаде пригодна почит на својот соработник Камби на комеморативна седница, која ќе се одржи утре, 21.12.2021 година, со почеток во 11.00 часот, во просториите на М6 Едукативниот центар.

Камби и енолошкиот тим на „Тиквеш“ успеаја да направат врвни вина кои добија највисоки оценки од Паркер, но освоија и други престижни награди на светските натпреварувања во силна меѓународна конкуренција. Токму овој тим е најзаслужен за развојот на премиум сегментот на ВВ „Тиквеш“, кој веќе е добро етаблиран и на домашниот и на странските пазари. Потврда за тоа се и многубројните награди на реномираните светски натпревари. Само во 2020 година вината на „Tikveš“ и на „Tikveš Châteaux&Domaines“, кои до сега беа одбележани со негов потпис, освоија 100 награди и признанија на етаблирани меѓународни вински натпревари.