Природен еликсир од мед, ореви, лук и оцет кој лекува многу болести!

Фото: Unsplash
231

Во време на настинки и грип, секој совет е добредојден. Најдовме рецепт за природен еликсир за кој ви требаат само 4 состојки – мед, лук, ореви и оцет.

Овој природен и пред сѐ едноставен еликсир од само четири состојки – мед, лук, ореви и оцет, помага при болки во грлото, варење, слаба циркулација и размена на материи во организмот. Се препорачува и за срцеви и бубрежни заболувања, го намалува крвниот притисок, а одличен сојузник е и за одржување на витка линија. Во народот се препорачува и кај силно кивање така што се зема пред појадок и пред спиење. Медот е најдобриот седатив и го зајакнува сонот. Доколку една лажица мед во текот на вечерта не е доволна за добар сон, народната медицина го препорачува следниот рецепт: Во мала чаша ставете мед и додадете три лажици јаболков оцет. Велат дека делува за половина час, а во случај на тешка несоница потребно е да се земат уште две лажички од оваа смеса. Повторете ја постапката во случај на будење во текот на ноќта.

Во случај на анемија, потребно е да се подготви мешавина од половина килограм мед, половина килограм мелени ореви и еден лимон. Добро измешајте сè и земајте на секои три до четири часа. Смесата е добра за закрепнување на анемични и исцрпени луѓе.

За третман на хипертензија и недостаток на железо, треба да земате 100 грама ореви дневно со иста количина мед, најмалку 45 дена. Медот и оревите се многу ефикасни. Лажица мед со три или четири ореви не само што е извонреден деликатес, туку и одличен природен лек против главоболки, несоница и склероза.

Овој испробан рецепт е во народот познат и како лек против импотенција уште од даамнешни времиња. Мелени ореви измешани со мед во иста пропорција. Земете две супени лажици два или три пати на ден, половина час после јадење. За да ги постигнете саканите ефекти најмалку 20 до 30 дена треба да ја консумирате оваа смеса. Заздравувањето на чир на желудникот е брзо и ефикасно ако половина час пред оброк земете пет или шест лажички оревово млеко, кое ќе го подготвите на следниов начин: прелијте 20 грама мелени ореви со 100 грама топла зовриена вода, добро протресете, процедете и додадете две лажици мед.

Мед со лук

Овој рецепт ја враќа силата на организмот и е многу добар против астма и отежнато дишење: килограм мед, сок од десет лимони и сок од десет главици лук убаво измешајте и оставете да отстои една недела во затворена тегла. Пијте четири лажички еднаш дневно, оставајќи го сокот да ви тече низ грлото. Треба да се пие редовно два месеци за да се постигне саканиот ефект.

Против грип

За грип, ова е многу познат народен лек од мед и лук: исчистениот лук треба да се здроби (да се направи каша) и да се измеша со мед од липа во сооднос 1:1. Земете една лажица (која малку сте ја разредиле во млака вода) пред спиење.