Водата со една „тајна состојка“ ќе ви помогне да се детоксицирате и да почнете да слабеете!

Фото: Pixabay
283

Сезоната на празници заврши и сега се „вративме во реалноста“. Откако ќе претераме со слатки и колачи, треба темелно да се детоксицираме. Можеби не сте слушнале за еден сосема необичен метод што би можеле да го испробате.

За да го започнете денот со детоксикација, важно е да внесете нова „тајна“ состојка. Тоа е сладок компир (батат) кој може многу да го намали вашиот апетит.

Напитокот се подготвува на посебен начин.

Истражувачите од Јапонија предлагаат слаткиот компир да се свари и потоа да се испие водата во која се варел.

Имено, откриено е дека протеините што остануваат во водата по готвењето на слаткиот компир делуваат ефективно на намалување на апетитот кај глувците и веруваат дека истото дејство би го имале и кај луѓето.

Експертите велат дека резултатите се ветувачки бидејќи покажале дека оваа „отпадна“ вода може да се искористи наместо едноставно да се фрли.