Пченката и ѓумбирот ги чистат белите дробови

Фото: Unsplash
181

На пушачите кои се „гушат“ од кашлање некои намирници може да им помогнат да ги прочистат белите дробови: чаеви од ѓумбир, борови иглички или коприви, слатка пченка, портокали, кромид и лук.

Дали им робувате на цигарите и не можете да ги оставите и покрај кашлањето? Во тој случај, почесто консумирајте храна и пијалаци кои можат да ви ги исчистат белите дробови и да ви овозможат полесно да дишете.

Може да ви помогнат чаевите, пред сѐ, оние од свеж ѓумбир, но и од борови иглички или коприви, кои можете да ги јадете и како салата. Јадете риба и јагнешко месо, бидејќи тие содржат моќен антиоксидант селен. Јадете и јајца и житарки.

Слатката пченка е полна со бета-криптоксантин, за кој е докажано дека ги штити белите дробови од рак, бидејќи делува како моќен антиоксидант. Доколку е можно, земете природно, органски одгледувана. Портокалите имаат сличен ефект.

Поради својот состав, кромидот и лукот имаат антиканцерогени ефекти. Истражувањата покажаа дека кај луѓето заболени од рак, кои редовно го консумираат овој зеленчук, се спречува формирање на нови туморски клетки. Се разбира, лошиот здив е неизбежен, но помислете на мирисот на тутун во устата и на облеката, така што кромидот нема да ви изгледа толку неподносливо.