Салати за петочки ручек

418

Постеле непостеле, гладни или не, мора да се руча, па макар било тоа и за вечера …Еве ова можете да си направите денес после работа

На летните горештини сигурно не ви се пали шпорет, не ви се готви, а можеби на некои и не им се јаде баш многу, ама ако не баш за ручек, сигурно огладнувате барем кога малку од малку ќе залади, приквечер.

А тогаш нема ништо поубаво, поздраво и повкусно (барем за оние што не се многу по месото) од салати. Ако имате спремни и сварени леќа и наут, зеленчук, масло и лимони, за пет минути имате вкусен и здрав оброк.

Еве ги нашите два предлози за денес, онака, петочки.

Салата со леќа

Тука како основа ја имате леќата, а потоа можете да додавате што сакате. На пример, црвен кромид, пиперка, домат, магдонос и зачини по желба. Ние користиме ладно сончогледово масло и сок од лимон речиси во сѐ.

Салата со наут

Ставете во еден сад сварен наут, црвен кромид, авокадо, зачини по вкус и секако, ладно цедено маслиново или сончогледово масло и сок од лимон.