Салати: Табуле или Фатуш?

Нашата пријателка Лилјана Ел Арајси, администраторка на ФБ групата 'Здрава храна за дијабетичари', често објавува рецепти кои се погодни за дијабетичари, а дел од нив, како на пример овие салати, се и дел од либанската кујна

0
314

Што би сакале повеќе табуле или фатуш салата?

И двете се дел од либанската кујна, а ние ги презедовме од ФБ страната ‘Здрава храна за дијабетичари’ чија администраторка е госпоѓа Лилјана Еј Арајси, инаку, мажена за Либанец. Оттаму и нејзините интересни рецепти кои освен што се погодни за дијабетичари, често се и дел од либанската кујна.

Овие две прекрасни салати ги задоволуваат сите потреби за витамини, минерали, јаглени хидрати, заситуваат и погодни се за дијабетичари.

 

Табуле салата

Состојки:

Неколку снопчиња млад кромид

2 китки магдонос

3-4 големи домати

1/2 филџан булгур (бургол)

сол, сок од лимон и маслиново масло.

Приготвување:

Кромидот се сечка целосно, сосе перцата, магдоносот се сечка поситно. Доматите се сечкаат на коцки (претходно отстоени во вода со оцет и сол и убаво измиени). Булгурот се покиснува во топла вода и се цеди. Се додава лимоновиот сок, сите состојки, се посолува и целата салата се меша и се зачинува со маслиново масло. Доколку немате млад кромид, ставете 3-4 главици стар кромид.

 

 

 

Фатуш салата

Состојки:

Неколку врзопи млад кромид

2 китки магдонос

1 марула

1 голема краставица

Неколку гранчиња обично свежо нане

1/2 китка коријандер

Приготвување:

Сè се кисне во вода со оцет и сода бикарбона и се мие убаво. Сите состојки се сечкаат, се додава и суво нане, неколку чешниња ситно исечкан лук, се додава сол, сок од лимон, вински оцет, маслиново масло, а на крај се додаваат пржени корички од леб.