Сите го имаме дома, а не знаеме дека е најдобриот лек за настинка!

795

Поради силните антибактериски, антитуморни и антиинфламаторни својства, ориганото има многу здравствени придобивки. Богат е со витамини А, Ц, Е и К, влакна, калциум, манган, магнезиум и железо, а неговите лековити својства се докажани во многу истражувања.

Познат како незаменлив зачин за пици и тестенини, ориганото е и исклучително ефикасно растение кое содржи многу лековити состојки и есенцијални масла. Истражувањата покажаа дека има два до три пати поголемо антиоксидативно дејство од другите намирници… Чајот од оригано регулира многу здравствени проблеми предизвикани од намален имунитет и нарушена цревна флора, а особено се препорачува при бронхитис, настинка и болки во грлото.

Поради силните антибактериски, антитуморни и антиинфламаторни својства, ориганото има многу здравствени придобивки. Богат е со витамини А, Ц, Е и К, влакна, калциум, манган, магнезиум и железо, а неговите лековити својства се докажани во многу истражувања.

Чајот може да се подготви со свежо или суво оригано, а кога ќе се помеша со мајчина душица се добива најдобар лек за настинка и многу корисен лек за органите за дишење. Мајчината душица делува смирувачки, а кај акутен или хроничен бронхитис е многу ефикасна бидејќи содржи моќни антиоксидантни својства.

Како се подготвува чај од оригано?

Потребни ви се:

2 лажици оригано

1 лажица мајчина душица

малку мед

За малку поинтензивен вкус на чајот, можете да додадете повеќе оригано.

Во зовриена вода ставете оригано и мајчина душица и оставете го покриено еден час, кога чајот малку ќе се олади, додадете мед. Потоа испијте шолја од овој напиток.

Што лечи чајот од оригано?

Покрај белодробните заболувања, ориганото е одличен природен лек за лекување на: артритис, болки во мускулите, акни, надуеност, главоболки, киселини, алергии, инфекции на уринарниот тракт, менструални грчеви…

Освен чај, можете да подготвите и облоги, кои позитивно ќе делуваат на бронхиите. Сѐ што ви треба е масло од оригано со кое ќе го втриете на градите и вратот и ќе ги стоплите со пешкир.

Ориганото содржи тимол и рузмаринска киселина – моќни антиоксиданти кои ги штитат клетките од оксидативно оштетување предизвикано од слободните радикали.

Во народната медицина, ориганото одамна се користи за ублажување на болки во грлото, синузитис, настинка и грип, како средство за проширување на бронхиите и за искашлување. Ако имате астма, ќе ви помогне инхалирањето со чај од оригано. Пареата од овој чај ги чисти носните канали и синусите.

Ориганото има антивирусни својства и делува така што моментално ги ублажува болестите предизвикани од инфекции на горниот респираторен тракт.

Луѓето кои имаат грип или настинка можат да користат и масло од оригано. Колку повеќе карвакрол содржи маслото, толку посилно делува кај овие заболувања.

Ориганото го поттикнува потењето, што придонесува за детоксикација на организмот, а исто така ја намалува слузта во белите дробови која се јавува како последица на инфекција.

Чајот од оригано секако може да ублажи различни видови болки, како болки во грбот или главоболки, бидејќи е вистински природен аналгетик.

Делува така што го смирува нервниот систем и помага при непријатни мигрени кои се придружени со гадење и повраќање.

Кога станува збор за ублажување на болката, некои сметаат дека е исто толку ефикасен како морфинот. За болка можете да користите и масло од оригано.