Совршено млеко за борба против вируси и настинки

Фото: Pexels
458

Млекото со зачини и билки кое се користело во Индија како здрав, лековит напиток уште од дамнешни времиња е познато како Sidha Dugdham и во превод би значело – совршено млеко.

Од памтивек, млекото со зачини и билки се користело во Индија како здрав, лековит напиток. Во Ајурведата, таквото млеко е познато како Сидха Дагдам, што во превод би значело совршено млеко. Секако, не станува збор само за веќе добро познатото златно млеко со куркума, туку за многу повеќе комбинации кои имаат различни здравствени придобивки.

Сидха на санскритски значи „совршен“, а дагдам значи „млеко“.

Во ајурведската медицина е високо ценето бидејќи го храни телото, ја смирува емоционалната напнатост и помага да се урамнотежи секој телесен тип.

Покрај многу придобивки за здравјето и убавината, ова млеко ја поттикнува и виталната енергија позната како ојас.

Според Ајурведата, ојасот дава сила, ги зајакнува имунитетот и дигестивниот систем и буди чувство на среќа и задоволство.

Со цел да се подготви млеко на здрав начин, важно е да не го пиете ладно и несварено.

Млекото треба да се донесе до вриење, а потоа да се вари на тивок оган уште 5-10 минути заедно со билките.

Со варењето се менува неговата структура што го олеснува варењето, особено за оние кои имаат побавен дигестивен систем.

Поради своите лековити својства и хранливи материи, овој пијалок е особено препорачлив за луѓе чие тело е исцрпено и слабо. Ја враќа имунолошката отпорност на организмот и јачината на варењето, со што го штити од разни болести.

Исто така се препорачува за луѓе кои страдаат од кашлица, зголемена секреција, синуси или бронхијални инфекции.

Ајурведата советува да пиете млеко навечер поради неговите смирувачки и дигестивни својства, што поттикнува мирен и длабок сон и здраво утринско варење.

5 рецепти за подготовка на лековито млеко

1. Млеко со куркума

Куркумата со своите моќни состојки го зајакнува имунитетот, го подобрува здравјето на срцето и го намалува ризикот од настинка, грип и други инфекции.

Млекото од куркума му помага на телото да се одбрани од вируси и е одлично за ублажување на акутни нарушувања поврзани со грлото и белите дробови, како што се тонзилитис, фарингитис, ларингитис и засипнатост на грлото.

2. Млеко со ѓумбир

Ѓумбирот се нарекува „универзален лек“ во Ајурведата, а терапевтската употреба на ѓумбирот е опишана во древните ајурведски текстови како лек за разни болести како што се артритис, болести на дигестивниот, респираторниот и кардиоваскуларниот систем.

Ѓумбировото млеко ги олеснува нарушувањата во респираторниот систем, како што се сува кашлица и емфизем и помага во намалување и ублажување на болката во мускулите, зглобовите и коските.

3. Млеко со црн пипер

Овој напиток е добар за исфрлање на токсините од црниот дроб и жолчното кесе.

Млеко со црн пипер ја зајакнува работата на метаболизмот, спречува акумулација на маснотии во организмот и ја зголемува концентрацијата на добар холестерол.

4. Млеко со пипали (долг црн пипер)

Пипали е еден од најдобрите ајурведски зачини затоа што неговата моќ лежи во неговата способност за подмладување на белите дробови и респираторниот систем. Го подобрува метаболизмот, ја поттикнува циркулацијата, ја зајакнува функцијата на репродуктивните органи и го поддржува здравјето на црниот дроб.

Ова млеко има загревачки ефект што ја ублажува хроничната конгестија на бронхиите, алергиите на дишните патишта и проблемите со астмата.

5. Млеко со свет босилек (тулси)

Во Ајурведата, светиот босилек (тулси) се нарекува „еликсир на животот“.

Познато е дека светиот босилек го поддржува здравјето на системот за имунитет и ги релаксира умот и телото. Тулси млекото е одлично за респираторниот систем, бидејќи лекува кашлица, воспаление на грлото и настинка и ги отстранува сите блокади на дишните патишта.

Ја олеснува главоболката, ја намалува вознемиреноста и депресијата и овозможува подобар сон. Редовното пиење на ова млеко го намалува крвниот притисок и холестеролот, намалувајќи го ризикот од мозочен и срцев удар.

Како да подготвите лековито млеко (Сидха Дагдам)

За да подготвите било кое од овие млека, изберете билки и зачини во зависност од состојбата што сакате да ја лекувате. Подготовката е брза и лесна.

Состојки:

1/2 – 1 лажичка билки / зачини
1 шолја млеко
1/4 шолја вода

Приготвување:

Во мало тенџере измешајте ги билките, водата и млекото и оставете да зоврие.

Намалете ја температурата и оставете ги млекото, билките и водата тивко да се варат. Кога количината ќе се намали на една шолја, млекото е подготвено.

Пијте топол напиток редовно пред спиење и најмалку 14 дена за да ги почувствувате лековитите ефекти.

Ако сакате, можете да го засладите млекото со мед или друг природен засладувач по ваш избор.