Со која храна да внесете повеќе витамин Д во текот на зимата?

Фото: Pexels
634

Редовно јадете порција мрсна риба, кајгана или збогатен јогурт и повеќе нема да имате изговор да бидете мрзоволни.

Недостатокот на витамин Д во зимските месеци може да влијае на нашиот имунитет, да го намали расположението, но и да ја намали апсорпцијата на калциум. Затоа се тука намирниците кои содржат доволно количество на овој важен нутриент.

Деновите се пократки и има помалку сонце, заради што е лесно да се чувствувате лошо, а причината за тоа е секако недостатокот на витамин Д. Во текот на зимата овој витален нутриент потешко се апсорбира во нашето тело, што резултира со лошо расположение и други здравствени проблеми.

За да го спречите тоа, доволно е да додадете неколку намирници во секојдневната исхрана.

„Витаминот Д е клучен за апсорпција на калциум, за развој на коските и за здрав имунолошки систем“, изјавила за Daily Star тренерката за здрава исхрана, Кетрин Данзеј.

Нашето тело не го произведува природно, туку неговото производство е поттикнато од ултравиолетовите зраци.

Храна која содржи витамин Д се лосос, костени, печурки и млеко, тофу сирење, јогурт, јајца и житарки кои многумина ги консумираат наутро, како овесна каша или пченкарни снегулки.

Данзеј истакнува дека е тешко да се внесе потребната количина на витамин Д преку храната, поради што се препорачува да се земаат суплементи.

„Редовно јадете порција мрсна риба, кајгана или збогатен јогурт и повеќе нема да имате изговор да бидете мрзоволни“, изјавила таа за Дејли Стар.