Фалафел со прелив од таан

278

Овие ќофтенца од наут се толку вкусни што ќе сакате да ги имате на менито барем еднаш неделно

Состојки:

200 гр. наут, накиснат во вода од вечерта претходно, барем 10 часа (за фалафел ќофтенца се користи неварен наут, затоа не можете да го употребите оној од конзерва)

1 кромид

Магдонос по желба

3 чешниња лук

1 лажичка кимион

1 лажичка сол, црн пипер

2 лажици брашно од наут или од хељда

1/2 лажичка сода бикарбона

Приготвување:

Ставете го наутот во длабок сад, натопете го во вода, па оставете го да отстои најмалку 10 часа идеално од вечерта пред да се подготвува.

Наутот се цеди од водата и се плакне. Заедно со другите состојки, освен брашното и содата, се става во блендер и накусо се блендира за смесата да не стане премногу кремава.

Добиената смеса се префрла во голем длабок сад и се додаваат брашното и сода бикарбона. Со лажица се промешува за да се соединат убаво па смесата се остава во фрижидер да отстои околу 1 час. Од добиената смеса се формираат топчиња ако ги пржите, а ако сакате да ги печете во рерна, малку сплескајте ги и ставете ги во тепсија врз хартија за печење или пак премачкајте ја со масло за да се избегне лепење.

Се печат во загреана рерна на 200º околу 30 минути со тоа што на половина од времето треба да се превртат и од другата страна.

Послужете со прелив од таан, сенф и сок од лимон.