Храна што треба да се избегнува во лето

Фото: Unsplash
542

Деновиве се соочуваме со тропски температури, па треба да обрнеме внимание на изборот на намирници што ги внесуваме во текот на денот бидејќи тие можат да помогне во полесно справување со горештините или, ако да одмогнат доколку направиме погрешен избор.

Летото е време кога ни одговара лесна и освежителна храна, па затоа за време на тропските горештини е најдобро да ги одбегнуваме оние намирници кои не му годат на организмот на овие температури.

На пример, многу луѓе сакаат да користат зачини, но треба да се внимава да не се претера… Впрочем, со зачините не треба да се претерува ниту во лето, ниту во зима, бидејќи тие ја креваат телесната температура. Не е препорачливо да се јадат месо или сосови со месо бидејќи тешките сосови, дури и оние со морски плодови, можат да предизвикаат прекумерно потење и дигестивни проблеми, пренесува хрватскиот портал „Ординација“.

Посебно во лето е препорачливо да се избегнува и мрсна брза храна, која е пржена, чадена и зачинета, бидејќи тука нема ништо свежо… Тоа може да предизвика проблеми со дигестивниот систем, но и труење, што секако ќе ви го уништи летото, морските радости или годишниот одмор.

Од друга страна, пак, она што вообичаено совршено одговара со чаша вино, сирењето, покрај тоа што содржи многу калории, може да направи и да се чувствувате надуено и тромо, па затоа е подобро да намалите и со неговото консумирање во текот на летото.