Чао расол, добредојде млада зелко

Фото: Unsplash
272

Зелката е една од најстарите намирници и првиот зеленчук што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на кујната на нашите баби. И кога мислиме на зимата, ама и кога мислиме на пролетта, нели!?

Без разлика дали е црвена или зелена, зелката е богат извор на многу хранливи материи и минерали, од витамин Ц до калциум, фосфор и железо, до витамини Е, К и витамини од групата Б. Зелката е навистина „паметна глава“. Нискокалоричниот и суперхранлив зеленчук е уникатна комбинација на витамини А, Б, Ц, Е и К, омега-3 масни киселини и лековити сулфурни материи кои штитат од рак. Вистински благодет за имунитетот и варењето, го нарекуваат и зеленчук против стрес. Лековитите својства на зелката, свежата и киселата, се познати илјадници години и се традиционален домашен деликатес во студените денови на нашите простори, ама и одлична освежителна салата за пролетните денови, кога имунитетот паѓа.

Од дамнешно време, зелката се користи за лекување на разни болести. Покрај тоа, зелката е нискокалоричен зеленчук кој се состои од омега-3 масни киселини и лековити сулфурни материи кои штитат од рак. Поради малиот број на калории, таа е идеално решение за оние кои сакаат да ослабат или за оние на кои им е потребна помош со тоа! Поради високата содржина на витамин К, како и антоцијани, зелката може да ги подобри менталните функции и концентрацијата. Овие супстанции исто така го спречуваат уништувањето на нервите и ја зајакнуваат одбраната од Алцхајмерова болест и деменција.

Поради витаминот Ц и сулфурот, консумирањето зелка помага при детоксикација, особено од слободните радикали и мокрачната киселина. Овие отрови се една од главните причини за артритис, ревматизам и кожни болести.

Најдобро е да се јаде зелката сирова или кратко сварена. За целите на лекување, користете непрскана домашна или органски одгледана зелка. Суровата зелка, ако често се јаде, помага при анемија, несоница, депресија и анксиозност. Варената зелка е одлично средство за пролетна детоксикација. Готвената е исто така еден од најдобрите лекови против нервната напнатост, анксиозност, слабост и слаба концентрација.

Зелката е богата со антиканцерогеното соединение синигрин, кое има уникатни својства против ракот на простата, дебелото црево и мочниот меур. Тој е и одлично антиинфламаторно средство, па помага при воспалителни болести како артритис и ревматизам. Сокот од зелка помешан со мед е ефикасен кај белодробните заболувања. Ги чисти дишните патишта, помага при астма и бронхитис. Во случај на болест на грлото, се препорачува гаргара со сок од зелка.

Дури 92,5 отсто од зелката е вода, па не е чудно што овој зеленчук се смета за диетална храна. Со само дваесет калории на сто грама зеленчук, се препорачува за луѓе кои се на диета. Бидејќи има и висок процент на целулоза, го стимулира варењето и ја намалува надуеноста. Овој зеленчук има силни антиинфламаторни својства, а облогите од зелка често се препорачуваат за разни видови болести. Зелката го отстранува гнојот од раните и ги дезинфицира, ги смирува изгорениците, егземите и акните, ги ублажува отоците и смрзнатите делови, како и мигрената. Згора на тоа, ја ублажува депресијата и анксиозноста, ја подобрува концентрацијата, а некои студии тврдат дека делува и превентивно против ракот.