Јадете ги секој ден и намалете го ризикот од рак

Фото: Unsplash
285

Луѓето кои јаделе 18 грама печурки секој ден имаат 45 отсто помали шанси да заболат од рак, во споредба со оние кои не ги јаделе. Авторот на студијата, др. Џон Ричи вели дека резултатите од студијата даваат важен доказ за нивниот ефект врз превенцијата.

Храната што ја јадете влијае на вашето здравје, но не се работи само за елиминирање на нездравата храна. Вистина е дека прејадувањето со слатки или алкохолот може да му наштетат на вашето здравје, но има и такви кои треба да ги јадете за да го одржите вашето здравје и да ги намалите шансите за појава на малигни заболувања за половина.

Научниците од Универзитетот Пен Стејт биле решени да тестираат како печурките можат да спречат рак. Тие ги провериле податоците на 19.000 пациенти со рак, анализирајќи 17 студии. Заклучокот е дека луѓето кои јаделе 18 грама печурки секој ден имаат 45 отсто помали шанси да заболат од рак, во споредба со оние кои не ги јаделе. Авторот на студијата, др. Џон Ричи вели дека резултатите од студијата даваат важен доказ за нивниот ефект врз превенцијата.

Најдобро влијае за превенција на рак на дојка

Научниците сфатиле дека најсилната врска е помеѓу печурките и превенцијата од рак на дојка, а авторите на студијата веруваат дека тоа може да се должи на фактот што другите видови на рак не биле конкретно вклучени во студијата.

Печурките содржат вредни нутриенти, витамини и антиоксиданти


Докажано е дека одредени видови печурки (вргањ, шампињони, тартуфи, шитаке и др.) лачат состојки кои имаат антиканцерогено дејство и супстанци со антибиотско и имуностимулативно дејство. Печурките може да се подготват на речиси безброј начини, притоа задржувајќи го одличниот вкус и висока хранлива вредност. Тие се богат извор на протеини (особено шампињоните и вргањот) со сличен состав како протеините од животинско потекло, така што можат да ја збогатат исхраната на вегетаријанците и веганите.

Печурките се ретка храна која нуди витамин Д, хранлива материја која не се наоѓа лесно во храната што вообичаено ја јадеме. Причината е што печурките можат да го „апсорбираат“ витаминот Д кога се изложени на УВ зраци. На пример, печурка која е постојано изложена на УВ зраци содржи повеќе од 100 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Д. Печурките се одличен извор на селен, есенцијален минерал кој делува како антиоксидант во телото и ги штити клетките од оксидативниот стресот и оштетувањето од слободните радикали, а со тоа не штитат од болести. Покрај тоа, игра голема улога во заштитата на имунолошкиот систем.

И доволна е само мала порција


Ако не можете да постигнете внесување од 18 грама дневно, можете да ги јадете барем еднаш неделно. Друга студија потврдила дека дури и само една порција печурки неделно може да го намали ризикот од развој на рак. Таа проучувала 36.000 мажи во текот на една деценија и на крајот заклучила дека оние кои јаделе печурки еднаш неделно имаат 8 отсто помали шанси да развијат рак на простата. Оние кои јаделе печурки 3 пати неделно имале дури 17 отсто помали шанси да развијат малигно заболување.

За вегани и вегетаријанци

За вегетаријанците и веганите, печурките претставуваат важна замена за месните производи поради протеините кои ги содржат. Но за да внесете довопно протеини, наместо месо треба да изедете околу 200 грама печурки (содржат близу 7 г протеини) заедно со брокула и пченка.  Свежи или варени, шампињоните се добар извор на диетални влакна. Содржат повеќе витамини, како што се Д, Б, А, Е и многу калиум, фосфор, железо и други елементи кои му се потребни на човечкиот организам.

Печурките се богати со хранливи материи и докажано е дека со нивното консумирање се намалува ризикот од срцеви заболувања.

Научниците покажале дека секојдневната консумација на печурки може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест за дури 70 осто.
Печурките се богати со диетални влакна кои имаат многу важна улога кога станува збор за здравјето на срцето. Затоа, ако имате проблеми со срцето, почесто јадете печурки.

Тие се одлични и за јакнење на имунитетот, а исто така помагат и при регулирањето на слободните радикали кои го ошетуваат црниот дроб.

Ако јадете печурки секој ден, ризикот од рак се намалува за 64 осто. Ефектите ќе бидат уште поголеми ако ги консумирате во комбинација со шолја зелен чај.

Кај нас најчесто се консумираат буковки и шампињони па добро е да знаете дека оние кои ќе ви останат од ручекот не е добро да ги ставате во фрижидер, бидејќи оксидираат и го менуваат вкусот. Доколку сакате да ги затоплите, правете го тоа исклучиво во микробранова печка.

При купување избегнувајте шампињони кои ја изгубиле влагата, кои се меки или пак имаат некакви оштетувања на површината. Земете ги само оние кои имаат цврста структура.