Чај од црн пипер: Ја смирува кашлицата, го намалува холестеролот и помага кај реума и запек

Фото: Pexels
426

Како зачин, црниот пипер не само што дава автентична арома, туку и го чисти респираторниот тракт, а исто така е и природен диететски извор на витамини Ц, К и манган. И покрај многуте корисни својства, чајот од црн пипер не треба да го пијат трудниците и доилките.

Црниот пипер се користи уште одамна поради својот пикантен вкус како еден од омилените зачини, но и како ефикасен природен лек за разни состојби. Има одлични антиоксидантни, антибактериски и антиинфламаторни својства. Неговата најпозната состојка е пиперинот, кој му дава пикантна арома, но е и супстанца одговорна за најголемиот број на лековити ефекти.

Кај кои состојби може да помогне црниот пипер?

И сушените семки и зрна пипер можат ефикасно да помогнат во лекувањето на диспепсија (нарушување на варењето), запек, но и дијареа, уринарни инфекции, чиреви, артритис, ревматизам, забоболка и главоболка. Интересно е што може да помогне и при опоравување на матката по породувањето. Црниот пипер е одличен за продуктивна кашлица, а истражувањата велат дека го регулира нивото на шеќер во крвта. Ефикасен е и кога имаме главоболка или мачнина, а спречува когнитивни проблеми и појава на деменција и Алцхајмерова болест.

Црниот пипер ја подобрува апсорпцијата на корисни растителни компоненти од други лековити растенија, а најдобар пример е куркуминот. Комбинацијата на куркума и пипер дава фантастични ефекти при слабеење, топење на масните наслаги, намалување на холестеролот и спречување на депресија.

Рецепт за чај од куркума и црн пипер за слабеење, забрзување на метаболизмот и исфрлање на вишокот течности

Потребно е:

мелен црн пипер (1/4 лажичка)
вода (2 чаши)
куркума (половина кафена лажичка)
сок од лимон (1 кафена лажичка)
мед (2 лажици)

Приготвување:

Ставете вода во некој сад и црн пипер. Добро измешајте и варете 10 минути. Тргнете го од оган и додадете куркума и добро измешајте. Откако ќе отстои, процедете и истурете во стаклени чаши. На крајот, во секоја чаша додадете мед и сок од лимон. Пијте една шолја наутро и една навечер. Не се препорачува за бремени жени, доилки и луѓе кои страдаат од хемофилија, како и дијабетичари.

Црн пипер и мед помагаат при продуктивна кашлица

Потребно е:

свежо мелен пипер (1 кафена лажичка)
мед (1 кафена лажичка)
2 дцл вода

Приготвување:

Истурете мед и пипер во чаша и прелијте ја со топла вода. Потребно е убаво да се измеша да се соедини и да се растопи медот. Оставете да отстои 10 минути, па повторно промешајте. Пијте со мали голтки, а можете да пиете и по две шолји дневно. Ова ќе биде доволно за да се запре кашлицата и да се зголеми искашлувањето.

Чај од куркума, црн пипер и ѓумбир за имунитет, депресија и болки во зглобовите

Потребно е:

црн пипер (20 зрна)
куркума (1 лажица)
малку рендан ѓумбир
вода (2,5 дцл)
мед (лажица)

Приготвување:

Измешајте ги зрната црн пипер, куркумата и ѓумбирот, па сè прелијте со зовриена вода. Оставете покриено да отстои околу петнаесет минути. Процедете и додадете мед. Овој чај е доста јак и не смеат да го консумираат лица со дигестивни проблеми, како и оние кои се на антикоагулантна терапија.