Што ви значи и каде ве носи мирисот на бозел?

Фото: Pixabay
311

Деновиве некој на масата оставил мало гранче расцветан бозел, а кога го мириснав, буквално ме телепортираше во времето кога моите одеа на берба на бозел кај пријателите во Јурумлери и го правеа сокот од бозел кој сите многу го сакавме. Дали ви се познати мирисот, вкусот и лековитите својства на бозелот?

Кога бевме деца, дома секогаш имаше домашни сокови. Сокот од вишни веќе ни беше преку глава, ама оној од бозел никогаш не ни здодеа. Дури едно време почнавме да го додаваме и во сокот од вишни. Не дека сокот од вишни не беше вкусен, ама бозелот ни беше фаворит.

Особено кога ќе го додадевме во сок од свежо исцеден лимон, наместо шеќер и ќе ставевме мраз или добро ќе го изладевме. Одличен летен напиток. Но бргу го снемуваше. Понекогаш го правевме со кисела вода па добивавме газиран сок од бозел.

И деновиве кога на масата најдов мало гранче расцветан бозел и го мириснав, буквално ме телепортираше во времето кога моите одеа на берба на бозел кај пријателите во Јурумлери и го правеа нашиот омилен сок.

Порано бозелот беше често дел од домашната понуда на сокови и најубаво освежување во летниот период. И еве токму сега, во мај, бозелот цвета и време е да најдете дрво бозел, да ги наберете цветовите и да направите сок или барем да ги исушите цветовите за да си правите чај. Јас последен пат, верувале или не, пиев сок од бозел во продавница за пиво. Вкусот беше токму таков каков што го паметам.

Всушност, за бозелот велат дека е и една од најлековитите билки на светот затоа што содржи големи количини флавоноиди, каротен, витамин Ц.

Досега е познато дека лекува грип, затнати синуси, бронхитис, астма и алергии. Исто така, докажано е дека сокот од бозел го поправа имунитетот, а помага и кај дијабетес и запек.

Чај против кашлица

Чајот од суви цветови бозел лекува упорна и сува кашлица. Овој чај можете да им го давате и на деца, но претходно сепак посоветувајте се со лекар. Сѐ што треба да направите е цветовите бозел да ги исушите на темно и суво место, кога ќе се исушат да го здробите и да ги чувате во стаклен сад за чај.

Сок од бозел

Во 1 литар ладна вода потопете 20 цветови свеж бозел. Нека стои на ладно место (но не во фрижидер) 24 часа. Исцедете, додадете 800 г шеќер и сок од 1 лимон и оставете да стои уште 24 часа. Повремено измешајте за да се растопи шеќерот. Исцедете преку двојна газа и ставете го шишиња. Се разбира, овој сок се пие разреден со вода, а можете да користите и газирана вода.

Црн бозел, лек против рак

Еден човек од Бугарија неодамна направи вистински метеж тврдејќи дека лекот од црн бозел му помогнал да го победи ракот. Црниот бозел расте околу речните канали, и дава плод кој потсетува на боровинки. Плодовите созреваат кон крајот на август и почетокот на септември. Плодот треба да биде добро узреан за да ги има лековитите својства. Кога ќе ги наберете бобинките, измијте ги и ставете ги во тегли, редејќи наизменично еден ред бобинки, па еден ред шеќер, додека теглата не се пополни до врвот.

Чувајте ја теглата на место кадешто има сонце за да може да дојде до вриење. После две недели, теглата треба да се затвори и да се стави во фрижидер.

Можете да направите 2, 3 или 4 тегли, но мора да имате најмалку две за да имате доволно од овој лек до следната година. Земајте најмалку 1 лажичка секое утро на празен стомак, 10 минути пред оброкот.

Наводно, токму на овој начин приготвениот црн бозел бил лекот за рак.