Јаболковиот оцет може да ја ублажи болката во грлото

Фото: Unsplash
676

Јаболковиот оцет има киселост која ги убива бактериите, а напитокот се подготвува многу лесно

Во зима често се зборува за акутно воспаление на грлото кое обично ги опишува фарингитисот (воспаление на грлото), тонзилитис (воспаление на крајниците) и ларингитис (воспаление на гркланот). Ова се и едни од најчестите причини заради кои пациентите одат кај матичен лекар.

Најчести симптоми на воспаление на грлото се: болки во грлото, отежнато голтање, зголемени лимфни јазли на вратот и покачена температура.

Во народната медицина постојат бројни методи за решавање на овој проблем. Овој секако не е највкусниот, но јаболковиот оцет е одличен избор поради високото ниво на киселост што многу ефикасно ги убива бактериите. Кога медот се додава во јаболковиот оцет, неговата ефикасност за ублажување на грлоболката се зголемува бидејќи помага и за ублажување на болната чувствителност во грлото.

Потребни ви се: една лажица јаболков оцет, една лажица мед и една шолја многу топла вода.

Постојат два рецепти. Можете да ги користите и двата.

1. Во шолја топла вода измешајте оцет и мед и пијте додека водата е уште топла.

2. Доколку не сакате да ја голтнете течноста бидејќи има силен вкус, тогаш додадете две лажици јаболков оцет во половина шолја топла вода и правете гаргара еднаш дневно.