Јадења кои се повкусни следниот ден

Фото: Pixabay
279

Гулашот, густите супи и сосовите со месо стануваат повкусни кога стојат бидејќи желатинот подобро се поврзува со останатите компоненти, особено со зачините, што особено доаѓа до израз во јадењата со мелено месо.

Ако ја оставите салатата зачинета со оцет и масло за подоцна, ќе добиете сад со овената трева – но ако почекате неколку минути пред да го ставите печеното месо или шницлите на масата, ќе уживате во сочното месо полно со сокови само затоа што не сте се фатиле веднаш за ножот.

Можеби науката зад стоењето на остатоците од ручекот не е на страната на варениот зеленчук, но затоа добро зачинетиот гулаш или грав, лазањите и уште некои други, ќе бидат божествени дури и третиот ден. Причината за ова може да бидат кромидот, лукот, пиперките и зачинските билки, кои за време на готвењето минуваат низ разни реакции со протеини и скроб кои влијаат на аромата. Откако таквата храна ќе го одлежи своето во фрижидер, а потоа ќе се загрее, некои од реакциите ќе продолжат, аромите ќе се преплетуваат и ќе се заокружат, а јадењето ќе добие уште повеќе вкусови.

Гулашот, густите супи и сосовите со месо стануваат повкусни кога стојат бидејќи желатинот подобро се поврзува со останатите компоненти, особено со зачините, што особено доаѓа до израз во јадењата со мелено месо. Лазањата е исто така еден пример за тоа како храната може да биде повкусна следниот ден. Тестото станува сочно и полно со вкус, а текстурата е помека. Пробајте некои од рецептите кои стануваат повкусни со стоење и скратете го времето поминато во кујната.

Густа супа од печен зеленчук

Оваа супа од зеленчук се карактеризира со полн вкус, ароматичност и сладост кои се добиваат со печење на коренестиот зеленчук. Зеленчукот само исечете го на поголеми парчиња, испечете го во рерна и додадете го во тенџерето во кое сте издинстале кромид или праз, прелијте ги со вода, додадете малку млеко и со помош на миксер претворете сè во фин, густ крем.

Вариво од наут

Ништо не најадува толку добро како и густите, ароматични јадења на лажица. Уште ако во тие јадења има фина месна сланина, тогаш тие се полн погодок. Варивото од наут, кое почесто се прави во Далмација па е познато како далматинска чичварда, е токму такво; ароматично, густо и збогатена со сланина, јадење што може да го јадете секој ден.

Запечен каубојски грав

Направете поголема количина и ако успеете да му одолеете, уживајте во него и следниот ден. Посебен вкус добива со печење во рерна, а ако сакате – откако ќе го ставите во садот за печење, можете да го поросите со трошки од леб за да добиете крцкава кора.

Сарми

За сармите веќе ни е многу добро познато дека се подобруваат со стоењето и се дури повкусни вториот ден. Послужете ја со свежо подготвено, кремасто пире.

Свински гулаш

Пробајте го рецептот за свински гулаш чорба што ќе ве стопли подобро отколку централното греење. Мечадо е филипински гулаш кој се прави со црвено месо – јунешко или свинско, со додавање на зеленчук и зачини.

Салата од туна

Медитеранската салата со туна е полна со протеини кои ќе ве заситат и ќе ви дадат доволно енергија за извршување на секојдневните работи. Иако е омилен во лето, ништо не нè спречува да уживаме во неа и сега.

Ќофтиња во сос од домати

Секој готвач во Италија има своја тајна за совршена полпета ал помодоро, или ќофтиња во сос од домати. За да го направите јадењето вкусно, најважните состојки се – квалитетно месо и фино маслиново масло. Направете ги во поголеми количини и уживајте во нив следниот ден.

Торта од палачинки

Тортата од палачинки е идеално задоволство кога не сакате да ја запалите рерната. Најдобро од сè, не мора да се грижите дали некоја од нив ќе се скине затоа што никој нема да забележи. Она што нема да го изедете, искористете го следниот ден и уживајте во божествениот појадок.

Распукани колаченца со лимон

Кој вели дека се резервирани само за празниците? Ако веќе не сте пробале, пробајте ги оние едноставни распукани колачиња со лимон кои обично се прават околу Нова година и уживајте во нив со денови.

Маџарица

Кој е доволно трпелив, знае дека овој колач (Маџарица) станува се повкусен со стоењето. Иако е ова еден од оние колачи без кои не можеме да ги замислиме празничните пригоди, слободно почестете се со неа во некој мрзлив викенд.