Ако ве учеле да не јадете семки од лубеница, погрешно ве учеле!

Фото: Unsplash
312

Навикнати сме да ги фрламе семките од лубеница, веројатно затоа што сме научени уште од рана возраст дека не е добро да ги јадеме. Но, не е така. Не се грижете, не мора да ги џвакате овие цврсти црни семки, полесно е да се направи чај од нив.

Наспроти нашата навика да ги фрламе семките од лубеница, истражувањата покажуваат дека овие мали црни семиња се вистински извор на здравје.

1. Ја намалуваат надуеноста

Семките од лубеница содржат влакна кои позитивно влијаат на работата на дигестивниот тракт и со тоа ја олеснуваат надуеноста.

2. Содржат калиум

Овој минерал ја регулира количината на вода во нашето тело, со што се намалува отокот на зглобовите и стапалата.

3. Обезбедуваат заштита од УВ зрачење и ја подмладуваат кожата

Семките содржат витамин Е, кој влијае на здравјето на кожата и спречува дамки и пеги. Исто така, полни се со антиоксиданти, кои го забавуваат процесот на стареење на кожата.

4. Го зајакнуваат нашиот имунитет

Благодарение на многу други минерали кои се наоѓаат во семето, како на пример, железо, ќе бидеме поздрави ако ги јадеме. Тие исто така содржат триптофан, кој учествува во производство на серотонин, а тој елемент инаку се користи во лекувањето на стрес и клиничка депресија.

5. Содржат магнезиум и цинк

Тие се важни во функционирањето на целиот организам.

Ако сега мислите дека треба да ги џвакате овие цврсти црни семки, не се грижете. Полесно е да се направи чај од нив.

Состојки:

4 лажички мелени семки
2 литри вода

Приготвување:

Семките се варат 15 минути во врела вода и тоа е тоа.

Освен како чај, можете да ги искористите мелените семки во сок од лубеница и да измешате сè заедно во блендер, а потоа зачинете со неколку лисја свежо нане. Можете да го пиете топло или ладно.