Не ја истурајте течноста од теглата со маслинки!

Фото: Pexels
422

Дали знаевте дека сокот од теглата со маслинки го намалува холестеролот и ризикот од дијабетес, но исто така го подобрува и здравјето на срцето?

Знаеме колку се здрави маслинките, маслиновото масло, па дури и лисјата од маслинки, но тоа не е сѐ. Маслинките се богати со железо, витамини Е и А, натриум, калциум, влакна, а содржат и здрави масти познати како Омега-9, кои го зголемуваат добриот холестерол (ХДЛ).

Маслинките содржат антиоксиданти, полифеноли и флавоноиди, кои имаат антиинфламаторно дејство, па можеме да кажеме дека се идеална храна за борба против слободните радикали кои ги оштетуваат здравите клетки во телото.

Сите знаеме дека е здраво и маслиновото масло, а постои долг список на болести кај кои помагаат соединенијата во лисјата од маслинки.

Народите од Медитеранот со векови користат маслиново масло во исхраната, а резултатот е импресивен: тие се меѓу најдолговечните народи.

Поради своите здрави масни киселини и антиоксидативното дејство, одлично е за срцето и крвните садови, бидејќи ги „чисти“ и не ги затнува како некои други масти и масла. Одличнo е и како прва помош за намалување на лошиот холестерол. Богато е со протеини и витамини А, Д, К и Е, кои се неопходни за добро функционирање на организмот.

Што се однесува до лисјата, нивната употреба како чај може значително да го подобри вашето здравје ако страдате од срцеви болести, ако имате висок холестерол, атеросклероза, херпес, артритис, дијабетес, синдром на хроничен замор, хепатитис А, Б и Ц, менингитис (вирусен и бактериски), чир на желудник, грип, воспаление на уринарниот тракт,…

И после сето ова, останува уште да разјасниме зошто е корисна и течноста од теглата со маслинки и зошто не треба да ја истурате. Дали знаевте дека течноста од теглата со маслинки го намалува холестеролот, го подобрува здравјето на срцето и го намалува ризикот од дијабетес?

Маслинките во теглите се наоѓаат во саламура, која е мешавина од вода, оцет и сол. Веројатно досега штом ќе ја изедевте последната маслинка, ги истуравте остатоците од саламура во мијалникот, но треба да знаете дека постојат многу здравствени придобивки од неа.

Течноста во која стојат маслинките содржи мононезаситени масти кои можат да помогнат во борбата против воспалителни болести, намалување на холестеролот, подобрување на здравјето на срцето и намалување на ризикот од дијабетес тип II. Покрај антиинфламаторните својства, содржи и витамин Е, што значи дека можете да ја користите за масажа на темето и со тоа да го поттикнете растот на косата.

Покрај здравствените придобивки, содржи и многу ароми. Бидејќи сокот е само мешавина од оцет, вода и сол, можете да го користите приближно на ист начин како што би користеле обичен оцет или масло за да зачините јадења.

Накратко, слободно започнете да додавате сок од маслинки во својата секојдневна исхрана!
Како да се користи сокот од маслинките?

Оваа течност има солен, кисел и убав вкус, па затоа е одлична маринада за месо.
Можете да ја користите за зачинување на свински котлети, како маринада за шницли и наместо прелив за салата. Може да се користи наместо вода во сосови за пица и тестенини, но исто така и како замена за бујон. Маслинките често се користат во медитеранската кујна, па затоа таа е добро место да побарате инспирација за примена на оваа течност – помислете на хумус, леб од маслинки и сосови базирани на јогурт.
Друга причина зошто дефинитивно треба да го зачувате сокот од маслинките е подготовката на мартини. Препорачуваме да го подготвите овој коктел со додавање на 15 мл од течноста од маслинките 30 мл џин или вотка и 15 мл вермут.
Ако сакате да ја зачувате оваа течност откако ќе ги изедете маслинките, префрлете ја од теглата во херметички затворен сад и чувајте ја во фрижидер до една недела или два месеци во замрзнувач.