Ако имате проблем со висок притисок и главоболки, наберете си чубрица

503

Чубрицата е одлична како зачин во кулинарството, но и како природен лек за намалување на високиот крвен притисок, за смирување на тахикардијата и за ублажување на главоболката.

Чубрицата (Satureja Hortensis) или чубрика најчесто се наоѓа на карпестите предели, изложени на јака сончева светлина. Понекогаш ја нарекуваат и диво оригано.

Чубрицата е ароматична билка која се употребува во кулинарството како зачин, но и како природен лек кој го зголемува лачењето на стомачни сокови, ја ублажува надуеноста, го прочистува организмот, ги ублажува тегобите на органите за варење.

Оваа зачинска билка најчесто се користи при приготвувањето на варива и јадења од компир, а бидејќи го стимулира отстранувањето на гасовите и не придизвикува подуеност, грчеви и непријатност, претставува чест зачин на јадењата со мешунки, особено на гравот.

Малку луѓе знаат дека постојат околу 30 вида чубрица, а најароматични и најкорисни се градинарската и планинската.

Градинарската чубрица се користи како зачин во традиционалната македонска кујна  и како состојка на т.н. к’цана сол.

Новите истражувања покажале дека чубрицата е и ароматичен и природен лек против висок крвен притисок и главоболка, како и за смирување на тахикардијата.

Многумина користат чубрица како ефикасен лек против гадење, повраќање и дури и како лек за спречување на настинка. Се консумира во форма на чај, течноста треба да отстои два часа, а потоа се цеди и се пие три пати на ден за најдобар ефект.