Летна гозба

286

Жешко е. Ако, нека биде жешко! Во зима ќе биде ладно. Ама ќе биде и скапо, скапо за да се згрееме, скапо за да се најадеме. Затоа сега уживајте во топлото лето и во летните здрави и брзи оброци и не кукајте!

Нема ништо поубаво од лето! Којшто сака нека каже. Жешко било, спарно било, не се дишело… Епа лето е, какво да биде! Во зима ќе биде студено и загадено и смрдливо, тоа сигурно. А и скапо, многу скапо! Не се вели залудно, летото е за сиромашни!

Во зима ќе се чудиме како да се згрееме и ќе си мислиме на тоа колку ни било жешко летово. Па веројатно и ќе жалиме по него. Затоа, наместо сега да кукаме дека е жешко, а во зима да жалиме зашто не е, ајде да пробаме да уживаме.

И плус, имаме шанса да симнеме некој килограм, да се храниме поздраво, да готвиме побрзо, повкусно, наједноставни и лесни летни оброци.

Еве, има ли нешто поубаво од ваква летна гозба. Од сѐ по малку и најадени сте, а не ви е тешко на желудникот.

Полнети пиперки со јајца и сирење, испржени. Големо чудо, пржењето не било здраво. Па испржете ги на ладно цедено сончогледово масло и не ги препржувајте, онака, колку тие да омекнат, сирењето да се стопи, а јајцата да не бидат живи.

Епа многу сакам лето!