Ако имате проблем со запек, направете си џем!

Фото: Pexels
160

Пациентите кои страдаат од запек јаделе во просек по една лажица од овој џем на ден, што им ја зголемило зачестеноста на празнење на цревата и ја намалило потребата за лаксативи во однос на оние кои не јаделе џем.

Иако запекот е табу тема за многумина и ретко кој го споделува овој проблем со  другите, станува збор за вообичаен проблем што го имаат многу луѓе. Причините можат да бидат најразлични, како, премалку вежбање, стрес, возраст, лекови, некои витамини, премногу малку растителни влакна и вода во исхраната, но исто така може да биде и несакан ефект на некоја друга болест што треба прво да ја лечите за да ги активирате цревата.

Иако запекот може да изгледа безопасно, не е така, затоа што човекот  кој има запек не се чувствува пријатно во својата кожа.

Се карактеризира со тешка или ретка дефекација, тврди столици или чувство на нецелосно празнење на дебелото црево. Според статистичките податоци, приближно секое десетто лице има проблеми со нередовно празнење на цревата.

Запекот е важно да се излечи не само заради болката и нервозата што ги создава, туку и затоа што отпадните материи во организмот треба да се чуваат што е можно пократко.

Но, понекогаш, иако ги следиме сите упатства за да го отстраниме запекот, тој сè уште е присутен. Затоа е важно да пробате природни помагала, а меѓу најдобрите е џемот што го смислиле во канадската Ветеранска болница во Квебек и бил тестиран на околу четириесет постари лица.

Кај пациентите кои страдале од запек и јаделе во просек по една супена лажица џем на ден, се зголемила зачестеноста на празнење на дебелото црево и се намалила потребата за лаксативи во споредба со оние кои не јаделе џем.
Успехот бил толку голем што болницата продолжила да го пропишува како лек за запек.

А еве го и рецептот за овој вкусен лаксативен џем

Состојки:

150 г урми

150 г суви сливи

1,5 чаша зовриена вода (за погуст џем помалку)

Приготвување:

Исечете ги урмите и сливите на парчиња. Ставете ги во врела вода и варете ги додека смесата не се згусне. Добиената количина треба да биде доволна за 20 порции од 1 лажица. Овој џем е погоден за сите возрасти.

Можете да го јадете сам, да го намачкате на леб, да го додадете во јогурт, снегулки…