Безглутенската храна не е синоним за здрава храна

Фото: Unsplash
218

Кај луѓето заболени од целијакија, глутенот навистина предизвикува многу непријатни последици.
Сепак, вреди да се прашаме каков ефект има глутенот врз оние кои се целосно здрави и не страдаат од дигестивни нарушувања.

Во последно време сите зборуваат за нетолеранција на глутен, пa безглутенската храна стана синоним за здрава храна и глутенот го исфрлаат од исхраната дури и оние кои немаат никаков проблeм со него. Станувазбор за важна прехранбена состојка чие избегнување кај здравите луѓе може да доведе до дебелеење и развој на дијабетес тип 2.

Дали има некоја друга состојка во прехранбените производи (освен можеби мастите и јаглехидратите) која е озлогласена како глутенот? Не бомбардираат со натписи на пакувањето на производите: „без глутен“, „тестенини и леб без глутен“…

Но, дали глутенот навистина е толку штетен за нашето здравје како што тврдат споменатите натписи и бројните написи на Интернет и во дневниот печат?

Глутенот е протеин кој се наоѓа во житарките како пченица, ‘рж или јачмен и во храната направена од нив – во тестенини, леб, житарки или печени слатки.

Кај луѓето заболени од целијакија, глутенот навистина предизвикува многу непријатни последици. Оваа болест ја напаѓа слузницата на тенкото црево, што ја отежнува апсорпцијата на храната, па дури и најмалиот внес на глутен може да биде опасен за овие пациенти. Некои проценки велат дека денес секој стоти жител на Европа боледува од целијакија. Но, глутенот треба да го избегнуваат и сите кои имаат т.н. нетолеранција на протеини – чувствителност на глутен која има слични симптоми како целијакијата, но не е толку тешка и не го оштетува тенкото црево.

Сепак, вреди да се прашаме каков ефект има глутенот врз оние кои се целосно здрави и не страдаат од дигестивни нарушувања. Две нови научни студии фрлаат поинаква светлина за глутенот и неговото влијание врз здравјето.

Студијата спроведена од д-р Хоаким Калво Лерма и Сандра Мартинез-Барона од шпанскиот Instituto de Investigacion Sanitaria La Fe во Валенсија, Шпанија, покажала дека консумирањето производи кои се рекламираат како без глутен може негативно да влијае на развојот на децата и да доведе до дебелеење.

Зошто? Причината е што производите без глутен содржат три пати помалку протеини и значително повеќе липиди и заситени масти. Децата на тој начин се изложени на повеќе калорична храна и се повеќе склони кон зголемување на телесната тежина.

Истражувачите тестирале 654 производи без глутен и ги споредиле со 655 производи од истиот тип кои содржат глутен. Заклучиле дека храната во т.н продавници за здрава храна, која се рекламира како здрава и безглутенска храна, треба значително да се подобри за да ја достигнат хранливата вредност на „обичната“ храна, особено во областа на соодносот на протеини, масти и липиди.

Повеќе глутен, помалку дијабетес

Друга студија спроведена од д-р Генг Зонг и неговиот тим експерти од Институтот за јавно здравје на Харвард во Бостон сигурно ќе придонесе за рехабилитација на глутенот. Студијата траела 30 години и опфатила 199.794 луѓе. Испитаниците биле поделени во различни групи кои земале различни дневни количини на намирници со глутен.

Излегува дека луѓето кои консумираат повеќе глутен имаат дури 13% помали шанси да развијат дијабетес тип 2. Причината лежи во фактот што храната богата со глутен има повеќе влакна од оние без глутен.

Уживање со умереност


Заклучокот од ова истражување е јасен: како и во сè друго во животот, треба да се најде здрава мерка. Доколку сте здрави и не страдате од целијакија или некои сериозни пречки во варењето, можете да се опуштите и да уживате во домашен леб, вкусни тестенини или вкусни колачи. Навистина, ништо страшно нема да се случи ако земете малку глутен и со него здрави растителни влакна.

Но ако сакате да ја проверите својата (ин)толерантност на глутенот, обрнете внимание на овие знаци.

  1. Надуеност
    Еден од главните симптоми на нетолерантност на глутен е надуеност после оброк поради присуството на глутен во храната што штотуку сме ја изеле. 9 од 10 луѓе кои го имаат овој проблем сигурно ќе се чувствуваат подуени поради реакцијата на глутен во телото.
  2. Дијареа
    Дијареата се јавува кај луѓе кои се нетолерантни на глутен бидејќи телото не може да свари еден дел од храната, па дијареата е многу честа појава. Постојаното менување на надуеноста и дијареата дефинитивно укажува на проблем со варењето, а можеби и нетолеранција на глутен.
  3. Запек
    Изгледа чудно, но запекот и дијареата често се менуваат кај луѓето кои се нетолерантни на глутен, оваа појава се јавува затоа што телото се бори да ја свари таквата храна, па се јавуваат овие проблеми и тие се менуваат.
  4. Абдоминална болка
    Често се случува кај овие луѓе, бидејќи телото реагира на супстанцијата што не ја сака и предизвикува болка, обидувајќи се да се ослободи од неа.
  5. Главоболка
    Ако премногу често имате главоболки, можеби е време да размислите за вашата исхрана. Размислете кога ќе се појави и што сте јаделе пред тоа, па ќе знаете дали главоболката доаѓа од реакцијата на глутенот.
  6. Замор
    90% од луѓето страдаат од хроничен замор за кој не можат да ја најдат причината, па размислете за другите симптоми и ќе знаете дали има причина за грижа. Обрнете внимание дали се чувствувате уморни откако ќе јадете храна што содржи глутен.
  7. Проблеми со кожата
    Дерматитис понекогаш се јавува ако сме алергични на глутен, па супстанците кои не му одговараат на нашето тело се обидуваат да избијат на површината на нашата кожа.
  8. Депресија
    Постои голема веројатност дека проблемите во работата на органите за варење ќе влијаат и на централниот нервен систем, предизвикувајќи депресија и лошо расположение на долг рок.
  9. Слабеење
    Ако сте изгубиле тежина иако јадете како и обично, тоа може да укажува и на нетолеранција на глутен.
  10. Анемија
    Анемијата се јавува како неможност да се апсорбираат хранливите материи на вистински начин, па доаѓа до замор, главоболка, летаргија.

Затоа внимателно размислете за сите овие симптоми. Доколку имате 7 од оваа листа, задолжително проверете ја вашата крвна слика.