Веге мега сарма

453

Ти се јадат пролетни сарми со штавељ? Да, многу! Имаме мелено месо? Немаме! Ти се чека или гладен си многу? Многу!
Нема проблем, за пола саат имаш сарма!

Веројатно вака некако изгледал разговорот помеѓу домаќинката која ни ги испрати фотографиите од својата голема вегетаријанска сарма со штавељ и нејзиниот сопруг.

Ти се јадат пролетни сарми со штавељ? Да, многу! А имаме мелено месо? Е немаме! А многу си гладен или можеш да почекаш да ги виткам една по една? Уф, многу сум гладен!

Нема проблем!

За пола саат имаш сарма.

И навистина! Нашата читателка Ана Радованац често ни испраќа свои верзии од многу јадења, меѓу нив и оваа вегетаријанска верзија на сарма со штавељ. И тоа само една голема, мега сарма.

За неа вели инспирација ѝ бил тазе набраниот штавел од нивната градина. Другото, што се нашло.

Ориз, суви домати, кромид, масло.

Се пропржуваат кромидот и оризот, се ставаат зачини. Се додава вода и се вари на рингла, но не до крај.

Во една тепсија се редат листови штавел, се става филот, па се редат сувите домати, се прелева маслиново масло и одозгора пак се редат листови штавел. Се става сосема малку вода и се пече во рерна додека листовите не омекнат.