Виноскоп се враќа на скопскиот плоштад

213

Од 4 до 8 мај на скопскиот плоштад се враќа манифестацијата Виноскоп, најдобрите вина, традиционална храна, базар за ракотворби, арт-перформанс и секако, многу изведувачи, наша музика и уште многу изненадувања

Годинава, од 4 до 8 мај на плоштадот Македонија се враќа манифестацијата Виноскоп на која организаторите најавуваат многу богата програма, храна, музика, уметност и се разбира, најдобрите вина.

„Оваа година заедно со пријателите од Wines of Macedonia, од 4-8 мај на Плоштадот Македонија ќе шизиме и ќе уживаме со хитовите на Игор Џамбазов, Фолтин, Last Expedition, DNK Unplugged, Фиц Студени Нозе, Суперхикс, Мики Јовановски – Џафер, DJ Goce SAF, ЗЏМ Биг Бенд… 

Дојдете да уживаме во најразличните вкусови на нашата традиционална храна, базарот за ракотворби, арт перформансот и многу други активности кои ги подготвивме за вас.

Во наредните денови ќе бидат откриени уште многу изненадувања, уште многу изведувачи и еден цел ден исполнет со многу блуз. Следете ги објавите за да ги откриете сите детали, новите изведувачи и изненадувањата наменети за вас!“, пишува во соопштението на организаторите на настанот.