ВИСТИНСКА КОМБИНАЦИЈА: Рузмарин и грејпфрут заедно прават чуда и брзо го топат вишокот килограми

Фото: Pixabay
322

Ако со него искомбинирате грејпфрут, кој е познат по топењето на мастите, добивате ефикасен напиток кој го забрзува метаболизмот, го поттикнува согорувањето на мастите и ја истенчува половината.


Рузмаринот (Salvia rosmarinus) е зимзелена медитеранска грмушка од фамилијата Lamiaceae, густа и висока од 1 до 2 м. Листовите од рузмарин содржат 10% ароматично масло, лути се и имаат малку опор вкус. Се користат во медицината и како зачин. Маслото од рузмарин се добива од врвовите на стеблото и лисјата.

Тоа е лековито растение кое има антибактериски, антиинфламаторни и антисептички својства. Добар извор е на витамините А, Б, Ц, Д, Е и К и позитивно делува на целиот организам, а особено на здравјето на мозокот, црниот дроб и срцето.

Освен што се додава во јадењата, од рузмарин може да се направи и топол пијалок сличен на чајот, кој има посебни придобивки за дигестивниот систем. Доколку го консумирате после оброк, ќе ги опушти мускулите на тој дел од телото, ќе ја намали надуеноста, ќе ги ублажи гасовите и грчевите.

Ако со него искомбинирате грејпфрут, кој е познат по топењето на мастите, добивате ефикасен напиток кој го забрзува метаболизмот, го поттикнува согорувањето на мастите и ја истенчува половината.

Состојки:

2 лажички сушен рузмарин
3 дцл топла вода
1 грејпфрут

Приготвување:

Во топла вода ставете го сувиот рузмарин и оставете го да кисне во вода околу пет минути.

Процедете го рузмаринот. Грејпфрутот добро измијте го, исцедете го сокот од половина од плодот и измешајте го со чајот од рузмарин.

Преостанатата половина од грејпфрутот исечкајте ја на парчиња и додадете ја во течноста.