Ви изгледаат како да нема шанса да ги направите? Полесно е отколку што изгледа

Фото: Instagram@Bojana D.M.
320

Најдовме рецепт за брзи божиќни колачиња кои изгледаат како да сте ги правеле цел ден. Всушност, може да ги направи дури и почетник во кујна, ви се верува?

Чоколадните шишарки поросени со снег изгледаат како совршена идеја за креативен божиќен десерт. Ги најдовме на Инстаграм профилот на извесна Бојана која сигурно ќе биде задоволна што некјзиниот рецепт предизвикал такво внимание.
За разлика од нашите баби кои ги имаа своите скапоцени тетратки со рецепти кои ги повторуваа секој Божиќ, ние го имаме на располагање целиот свет, а листата на новогодишни и божиќни колачи е сѐ подолга, покреативна и поинспиративна.

Сепак, оваа празнична сезона сакавме да пробаме нешто поинакво, креативно и необично, а во исто време вкусно и декоративно. Во оваа намера ни помогна блогерката Бојана Димитријевиќ со нејзиниот екстракреативен рецепт за чоколадни божиќни шишарки.

Чоколадни шишарки – состојки:

150 г мелени бадеми
150 г мелени лешници (бадемите и лешниците по желба може да се заменат со бисквити)
100 г стопено млечно или црно чоколадо
1 голема лажица чоколаден намаз
1 голема лажица крем сирење
1 лажица листови од бадем
200 г житарки, чоколадни снегулки

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки со рацете.
Оставете ја смесата 15 минути да се стегне, а потоа поделете ја на 12 топчиња. Секое топче обликувајте го во форма на конус.
Потоа редете ги чоколадните снегови во круг, од горе надолу. Се оставаат околу половина час за да се стегнат, а на крај поросете ги со шеќер во прав за вистински зимски впечаток.
Послужете веднаш со кафе.