Во два чекори од обичен до грчки јогурт (ВИДЕО)

Фото: Unsplash
641

Ако не ја знаете разликата помеѓу јогурт, кисело млеко, павлака и грчки јогурт, кога ќе си го направите сами ќе сфатите дека всушност и нема голема разлика

Овој јогурт кој потсетува на кисело млеко, а е познат како грчки јогурт спаѓа меѓу најценетите и многу здрави намирници. Ако не ја знаете разликата помеѓу јогурт, кисело млеко, павлака и грчки јогурт, кога ќе си го направите сами ќе сфатите дека всушност и нема голема разлика, освен што, велат, има многу повеќе протеини.

Грчкиот јогурт како и обичниот, може да се додава во разни јадења, да се збогати со овошје или да се јаде самостојно.

Ако не сакате да плаќате двојно повеќе за купечки грчки јогурт, направете го сами на овој многу едноставен начин.

Ви треба само 1 литар полномасен јогурт (3,2% млечни масти).

Земете поголем сад и врз него ставете голема цедалка.
Преку цедалката наместете густа газа во неколку слоеви). Тука истурете го јогуртот за да се процеди. Доболни се 4 часа, но најдобро е да се остави во фрижидер да се цеди преку ноќ.

Густиот јогурт кој останал во газата е т.н. грчки јогурт, а течноста што се исцедила во садот можете да ја пиете како освежувачки напиток или да ја употребите во нешто друго.

Грчки јогурт можетеда направите и така што најпрвин ќе поткиселите сварено млеко. Односно, ќе сварите 1 литар млеко со 3,2 % млечни масти, па ќе го оставите да се излади. Проверете дали е доволно изладено со прстот, ако не е веќе врело, додадете 2 до 3 лажици обичен јогурт (на собна температура) и оставете да се скисели преку ноќ, а потоа повторете ја постапката како во претходниот рецепт.

Овој јогурт може да трае и до седум дена во фрижидер.