Гладна кокошка просо сонува

Фото: Pixabay
374

Ако сакате да имате здраво срце: просото е идеална житарка. Содржи многу магнезиум, па само една шолја просо дневно ќе подобри многу работи во вашиот организам, помеѓу другото и редовната работа на срцето. Тоа се само некои од причините зошто би требало да го внесете просото во секојдневната исхрана.

Денеска кога сме опкружени со безброј совети за здрава исхрана, многу суплементи, хроно рецепти, и што уште не, понекогаш човек треба да застане и да размисли како живееле луѓето пред нас, кои не можеле сето наведено да го применат, туку живееле во и од природата. Секако ниту природата не е она што некогаш била, но нејзините плодови и натаму остануваат попродуктивни од било кои вештачки творби, со било каков облик.

Просото е всушност многу старо семе кое потекнува од пределите со сува клима, односно од Африка и северна Кина.

Просото е вид на намирница која може да се користи во солени јадења, но и во десерти. Во зависност од тоа како се спрема, може да биде меко, но и крцкаво. Содржи карбохидрати па е затоа добар избор на храна за дијабетичари. Некои видови просо се идеални и за држење диета затоа што се богати со влакна.

Основен рецепт за подготвување на каша од просо:

Прво измијте го просото и исцедете го. Во тенџере со средна големина ставете две ипол чаши вода, а кога ќе зоврие ставете една чаша просо.

Варете на слаба температура 15 минути, а потоа трнете го од оган и оставете го да стои во покриен сад уште 20 минути.

Можете да додадете и малку маслиново масло, како и некои зачини.

Ако сакате малку помека каша, потребно е да додадете малку повеќе вода и да го готвите 45 минути до 1 час. Ако сакате да биде покрцкаво, пропржете го пред да го сварите. Можете да го пржите во сува тава околу 3 минути. Потоа додадете вода и поклопете го. Подоцна просото можете да го додадете и во разни салати, во зеленчук, а можете да го подготвите и следниот ден за појадок со млеко, мед и цимет.

Ако сакате да имате здраво срце оваа житарка е идеално решение за вас. Содржи многу магнезиум и само една шолја просо дневно ќе подобри многу работи во вашиот организам, помеѓу другото, и редовната работа на срцето. Тоа се само некои од причините зошто би требало да го внесете просото во секојдневната исхрана.

Оваа житарка ја намалува и можност за астматични напади и ја намалува појавата на мигрени.

Просо за бубрезите

Една од најдобрите намирници за чистење на бубрезите, но и кај појава на камен или песок во бубрезите. Кај уринарните инфекции има позитивно дејство и го поттикнува исфрлањето на урината. Може да се користи во облик на напиток или во облик на каша.

Ставете 200 г просо во поголема тегла (3 литри) и во неа ставете сварена вода до 2/3 од теглата. Оставете ја да стои во текот на ноќта, а утрото ќе се создаде бледа течност, која ќе претставува совршен лек за било кој проблем во врска со бубрезите.

Просото како лек за дијабетес

Познато е дека не содржи глутен, а освен тоа, го регулира нивото на шеќер во крвта, а влијае и на многу дрги заболувања. Траењето на терапијата за лекување на дијабетес е 20 дена.

Кашата се спрема од просо, вода и свежа тиква.

Потребно е да се свари 250 г излупено просо во 1 л вода, а кога просото ќе омекне, додадете 20 грама свежа тиква која претходно ќе ја изрендате. Сето тоа заедно треба да се вари уште 20 минути, на послаб оган. На крајот може да се додаде малку масло и сол по желба.

Превенција на рак од дојка

Безглутенската житарка има значително влијание на превенција од рак на дојка.

На жените им се препорачува заради превенција да јадат 30 грама просо на ден. Најдобра заштита даваат цели зрна.

Просото го намалува и ризикот од астма кај децата

Со помош на истражувања е докажано дека целите зрна просо го намалуваат ризикот од појава на астма кај децата. Направени се истражувања во врска со исхраната и докажано е дека оние кои консумираат просо, во повеќето случаи немаат симптоми на астма ниту било какви други слични симптоми.

ични напади и ја намалува појавата на мигрени.