Кои намирници треба, а кои не треба да се мијат?

Фото: Unsplash
269

Миењето на состојките за нашите јадења не може да биде лоша работа. Сепак, постојат ситни разлики кои на вашите јадења ќе им донесат подобри вкусови и ќе ви дадат поздрава алтернатива ако ги ставите или не ги ставите под млаз вода. Дознајте која храна е важно задолжително да ја измиете пред употреба, а која никако не треба.

Некои состојки на омилените јадења треба да се измијат од нечистотиите настанати при транспорт или со долго стоење. Во таа група секако влегуваат сите видови на овошје и зеленчук, особено она кое доаѓа од другите делови од светот или пак е третирано. За жал, во продавниците најчеста појава е токму увозното овошје и зеленчукот па затоа е важно добро да се измие пред послужувањето.
Ако користите кора од лимон или портокал, секако пред употреба е добро да се изрибаат со сунѓер за садови додека пак за бобинките е доволно да се потопат во ладна вода со малку оцет, да се измијат и да се исушат па да се стават во фрижидер.
Јадењата од конзерва како гравот и наутот е важно да се измијат напрвин заради долгото стоење, а потоа и заради течноста во која стојат. Истресете ги во цедалка, измијте ги под млаз ладна вода и мешунките се подготвени за користење. Сакате ли да зачувате нешто од течноста од наутот, сето тоа направете го над садот за да не истече водата низ одводот.
Миењето на оризот пред варењето можеби не е навика баш на секој љубител на доброто залче, но со миењето ќе се ослободите од бактериите настанати при пакувањето, како и од скробот кој го прави оризот збиен и залепен. За да го измиете ставете го оризот во густа цедалка и ставете ја под млаз ладна вода па со лесни движења на раката измијте го секој дел од оризот.
Од друга страна пак, различно месо, а особено пилешкото и останатото од пердувести животни, не се мие баш никогаш. Иако во повеќето случаи со миењето се отстрануваат бактериите, со миењето на овој вид на месо, тие се создаваат. Исто така, внимавајте на кујнските површини кои доаѓаат во допир со сировото месо од пердувестите животни и веднаш по завршувањето добро избришете ги. Со подготвување на сиров зеленчук или други намирници на тие исти површини, ризикувате ширење на бактериите, а со самото тоа и различни видови на болести.
Токму како и ова месо, не се мијат ни рибите. Ако ја приготвувате сирова, печена или варена, најдобрите ароми ќе ги задржи ако остане недопрена.
Јајцата, но и тестенините исто така не бараат миење. Јајцата се испираат кога се тукушто снесени со посебна техника која не е можно да се повтори во класични домашни кујнски услови. Тестенините содржат скроб, корисна состојка која подоцна добро ќе ви дојде при приготвување на вкусни сосови па никако не се препорачува миење без оглед на свежината и формата на тестенините.