Гордон Ремзи вели дека Владимир Путин е најзастрашувачката личност за која некогаш готвел

Фото: Фејсбук
446

„Искрено, се пос**в од страв. Имав само една работа на ум – Што ако ги отрујам овие двајца? Замислете низ каков пекол би морал да поминам!“, се потсетил Ремзи.

Многу луѓе мислат дека Гордон Ремзи не се плаши од никого, но готвачот со Мишелин ѕвезда открил дека Владимир Путин е најзастрашувачката личност за која некогаш готвел.

Ѕвездата од „Пеколната кујна“ кој е познат по своите жестоки испади и сочни пцовки открил дека искуството од готвењето за рускиот претседател му предизвикало сериозна вознемиреност.

Славниот готвач готвел за Путин заедно и за тогашниот премиер Тони Блер на ручек во премиерската резиденција на Даунинг стрит во 2000 година и бил многу исплашен за тоа што би му се случило ако овие двајца се отрујат од храната што им ја подготвувал.

„Искрено, се пос**в од страв. Имав само една работа на ум – Што ако ги отрујам овие двајца? Замислете низ каков пекол би морал да поминам!“, се потсетил Ремзи.

Тој вели дека ова било необично искуство.

„Стоев меѓу нив за да се поздравам, а тие ме прашуваа за англискиот аспарагус, додека јас размислував само како да побегнам од таму“, рекол тој.

За време на гостувањето во шоуто на Кели Кларксон, Ремзи вели дека е изненаден од недостатокот на простор и кујнски прибор на Даунинг Стрит.

Тој додал и дека откако завршил со нив, морал да се качи горе и да готви за двете први дами во овој мал стан.
Ремзи заедно со него ги зел готвачите Ангела Хартнел од Петрус и Марк Сарџент од ресторанот на Гордон Ремзи за да помогнат во подготовката на ручекот.

„Морав да ги носам моите тенџериња“, раскажува готвачот. По стресното искуство, Ремзи го дарувал својот хонорар за ручекот во добротворни цели.

За разлика од ова, готвачот во шоуто вели дека кога готвел за принцезата Дијана која дошла во неговиот ресторан во Челзи, тоа било за него неверојатно искуство.

„Беше неверојатен момент кога запознав таква прекрасна дама. Таа ме прашуваше за специјалните понуди и тоа беа неверојатни шест минути на маса што никогаш не ги забораваш. Таа беше толку љубезна и како 27-годишен готвач едноставно си мислите Оваа дама е неверојатна“, рекол Ремзи.