Готвено или сурово цвекло?
Во народната медицина се користи за лекување на анемија, спречување на воспаленија, намалување на крвниот притисок, заштита од тумори, зајакнување на имунитетот и структурата на коските и зајакнување на видот и либидото.
Цвеклото (Beta vulgaris) е еден од коренестите зеленчуци кој е препознатлив по темноцрвената боја и слаткиот вкус. Богат е со хранливи материи неопходни за здравје и младешки изглед како што се железо, фолна киселина, јод, сулфур, манган, калиум, бакар, магнезиум, фосфор, витамини Ц и Б6. Додека од една страна цвеклото е богато со хранливи материи и антиоксиданти, од друга е и нискокалорично.
Во народната медицина се користи за лекување на анемија, спречување на воспаленија, намалување на крвниот притисок, заштита од тумори, зајакнување на имунитетот и структурата на коските и зајакнување на видот и либидото.
Поздраво е она цвекло со потемна боја и долгнавеста форма. По долготрајно внесување на цвекло во поголеми количини, може да настанат одредени здравствени проблеми, како чувство на тежина во желудникот и тегоби со варењето.
Треба да се напомене дека при консумирање на цвекло, урината и столицата добиваат црвеникава боја, што е сосема нормално.
Готвеното цвекло не е лековито. За лекување, се консумира исклучиво сурово.
Смути од цвекло за чистење на организмот
Состојки:
1 помало цвекло
1 морков
1 краставица
1 јаболко
1 излупен лимон
0,5 цм излупен корен од ѓумбир
Приготвување:
Излупете ги цвеклото и јаболкото, па исечкајте ги на помали парчиња. Исечкајте го и морковот и додадете малку вода.
Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат додека не се соединат. Ако смутито е премногу густо, додадете уште малку вода, а ако е премногу ретко додадете уште јаболка.