Дали во француската салата се става јаболко или не?

Фото: Твитер
466

Хрватите на Редит се расправаат дали во француската салата оди јаболко или не? Што мислите вие?

Француската салата е неизбежна на празничните трпези во многу семејства.

Сепак, се чини дека не ја прават сите на ист начин, а една состојка предизвика дебата меѓу Хрватите на Редит.

Додека некои веруваат дека мора да се додаде јаболко во француската салата, други велат дека тоа е „криминал“.

„Луѓето кои ставиле јаболко во француска салата треба да се уапсат и да се однесат на Голи Оток“, се пошегувал еден корисник.

„Ниту јаболка, ниту шунка, ниту пченка. Ако некој сака тоа да го додаде нека одвои дел и нека си игра Карапанџа. И нека не се навредува ако одбијам таква салата“, додал друг.

Некои корисници застанале во одбрана на француската салата со јаболко.

„Јадев без јаболко со години, а потоа пробав еднаш со јаболко и оттогаш го правам токму тоа“, напишал еден од нив.

„Јаболкото всушност ѝ додава многу добра текстура и вкус на француската“, додава друг.

Секогаш правам француска со јаболко и тоа кисело“, заклучил трет.