Ако грицкате бадеми за ужина, подоцна ќе јадете многу помалку

Фото: Pixabay
222

Како да ослабнеме без гладување? Австралиските научници неодамна дојдоа до интересно откритие дека грицкањето бадеми го намалува внесот на калории во текот на денот и ја продолжува ситоста

За да го одржиме нивото на енергија, а понекогаш дури и од чиста досада, обично јадеме една или две ужини во текот на денот. Сепак, иако звучи безопасно, тоа е главно причината за внесување повеќе калории во текот на денот, што резултира со зголемување на телесната тежина.

Сепак, постои еден вид ужина што може да го направи токму спротивното – да го потисне вашиот апетит, така што вкупниот внес на калории е помал!

Тим на научници од Универзитетот во Јужна Австралија заклучил дека оние кои јадат бадеми, како алтернатива на ужина базирана на јаглени хидрати, внесуваат 71 калории помалку во следниот оброк!

„Стапката на прекумерна тежина и дебелина е една од најголемите грижи кога станува збор за општото здравје, а управувањето со апетитот преку подобар хормонален одговор може да биде клучот за решавање на проблемот со телесната тежина“, истакнува д-р Шараја Картер од Алијансата за истражувања за вежбање, исхрана и активност, која е основана на овој универзитет. Како што објаснила таа, како дел од студијата, тим од научници ги анализирале хормоните кои го регулираат апетитот и како јаткастите плодови – особено бадемите – придонесуваат за контрола на апетитот.

„Откривме дека луѓето кои јаделе бадеми доживуваат промени на хормонално ниво, што придонесува за намален внес на храна за 300 килоџули“, објаснила таа, а оваа мерка изнесува околу 71 калорија.

Студијата чии наоди беа објавени во European Journal of Nutrition покажа дека, покрај тоа, луѓето кои грицкале бадеми имале 47 отсто понизок одговор на Ц-пептиди. Ова дополнително значи дека се подобрува чувствителноста на инсулин и се намалува ризикот од развој на дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Таквите учесници во студијата, исто така, имале повисоко ниво на инсулинотропен полипептид, зависен од гликоза, потоа од глукагон и од панкреатичен полипептиден одговор. Ова е важно за губење на тежината, бидејќи глукагонот испраќа сигнал за ситост до мозокот, додека панкреасниот полипептид го забавува варењето.

Сè на сè, јадењето бадеми за ужина е одлична идеја доколку сакате да јадете помалку во текот на денот, а има долгорочни позитивни ефекти врз телото.