Дали е здраво да се пие една чаша вино секој ден?

Фото: Unsplash
423

Виното, како и сѐ друго во светот, има свои предности и недостатоци, па најдобро е добро да ги проучите пред да донесете заклучок. Сепак, ако страдате од мигрена, баталете вино

Можеби сте слушнале за верувањето дека една чаша вино дневно помага да се одржи доброто здравје. Објаснувањето за ова е едноставно и вели дека овој алкохолен пијалак не тера да се опуштиме и да го ослободиме стресот по долгиот и напорен ден. Исто така, истражувањата покажуваат дека црвеното вино може да спречи развој на одредени болести. Од друга страна, нутриционистите ги советуваат луѓето кои сакаат да ослабат да избегнуваат алкохолни пијалаци. Се обидовме да најдеме одговор на прашањето од насловот.

Виното, како и сѐ друго во светот, има свои предности и недостатоци, па најдобро е добро да ги проучите пред да донесете заклучок.

Придобивки

Резултатите од студиите спроведени во последните 15 до 20 години покажале дека црвеното вино ја намалува можноста за развој на дијабетес тип 2, мозочен удар, катаракта, како и рак на дебелото црево.

Се чини дека најзаслужен е ресвератролот, за кој се верува дека има антиканцерогени ефекти и е предмет на бројни научни студии.

Сепак, она што сте го прочитале треба да се земе со претпазливост, бидејќи потребно е дополнително да се испита влијанието на црвеното вино врз здравјето.

Од друга страна, нешто поизвесно е дека умереното пиење на овој алкохолен пијалак го зголемува нивото на добриот холестерол во крвта, што ги спречува срцевите заболувања.

Секако, потребно е да се разјасни што точно се подразбира под зборот умерено, што значи максимум две чаши вино дневно за мажи, а една за жени. Конечно, не треба да се заборви и на потенцијалната превенција на камења во жолчката и деменцијата.

Маани

Еден од најголемите предизвици кога станува збор за алкохол е како да го ограничите внесот. На луѓето им е тешко да проценат кога е добро да се напијат чаша вино или друг пијалак, но и кога да престанат.

Треба да се напомене дека телото ја вари храната и другите пијалаци на поинаков начин. Алкохолот е приоритет ког станув збор за чистење на организмот од токсини, што е улога на црниот дроб.

Постојат медицински препораки доколку е можно да се избегнува алкохолот, особено поради фактот што тој е поврзан со рак, особено со рак на дојка.

Ако сепак не можете да го следите овој совет, тогаш пијте само една чаша дневно.

Постојат податоци кои укажуваат дека 1 од 8 Американци се сметаат за алкохоличари, а тој процент расте кај луѓето помлади од 30 години. Ова е особено важно за луѓето кои страдаат од мигрена, бидејќи црвеното вино е богато со хистамин, кој се смета дека е причина за овој здравствен проблем.

Заклучок

Алкохолните пијалаци, кои вклучуваат црвено вино, не можат да се означат како здрави, бидејќи нивното влијание врз телото варира од личност до личност и бројот на чаши што ги пиеме. Понекогаш умерената доза е добра за здравјето, понекогаш штетна. Ова во голема мера е определено од семејната историја.

Важно е да се спомене комбинацијата на алкохол и телесна тежина, каде исто така се констатирани разлики, така што некои луѓе кои пијат слабеат, а некои добиваат килограми.

Понекогаш пациентите се изненадени кога ќе сфатат дека алкохолните пијалаци имаат калории како и храната. Телото ги препознава течностите и цврстите материи. Затоа, размислете колку чаши ќе испиете следниот пат кога ќе излезете или ќе организирате прослава. Кога ќе се земат предвид сите пијалаци, виното ја има предноста да одржува оптимална тежина, бидејќи има помалку шеќер и калории.

За крај, најдобро е да се запрашате како овој пијалак влијае на вашиот сон, потребата за храна и тежината. Доколку не чувствувате непријатност, слободно почестете се со препорачаната дневна доза.