Дали знаете за дрвото што раѓа шпагети и за хамбургерите за леваци?

Фото: Unsplash
228

На 1 април 1957 година, Би-Би-Си прикажале репортажа  за едно семејство од Тичино, Швајцарија, кое одгледува дрвја- шпагети. Гледачите го преплавиле Би-Би-Си со писма и телефонски повици по емисијата. Сакале да знаат каде можат да набават шпагети-стебло!

Според традицијата во многу земји, на 1 април, луѓето можат да се шегуваат со другите до пладне, но ако го направат ова после тоа време, тогаш самите стануваат „априлски луди“.

Следејќи ја традицијата, многу медиумски куќи, компании, веб-страници и други шегобијци во светот се јавувале со разни првоаприлски шеги – од смешни до апсурдни, па во последните години се појави вест дека Дејвид Бекам се приклучил на австралиската фудбалска репрезентација, па шегата во времето на поранешниот француски претседател Никола Саркози, дека поднел неотповиклива оставка, потоа дека Канада купила половина Хаваи итн.

Иако не постои прецизно дефиниран одговор за тоа кога и зошто 1 април почнал да се смета за Ден на Шегите, постојат неколку теории.

Една од теориите е поврзана со британскиот крал од 13 век. Имено, овој крал го прогласувал за јавно добро секој пат по кој ќе поминел. Еднаш, на 1 април, планирал да помине низ дел од градот Нотингемшир. Кога ги слушнале плановите на кралот, граѓаните решиле да не му дозволат да влезе во градот. Затоа, кралот испратил војска да ги казни непослушните граѓани, но кога пристигнала војската, целиот град се занимавал со глупави активности, како давење риби на суво. Кога слушнал како се однесуваат жителите на овој град, кралот го прогласил градот за премногу глупав за да биде казнет.

Некои од најпознатите шеги се кои ни се и најомилени, се оние за шпагетите што растат на дрво и хамбургерот за леваци.

Шпагети на дрво

На 1 април 1957 година, Би-Би-Си прикажале репортажа  за едно семејство од Тичино (еден од кантоните во Швајцарија), кое одгледува дрвја- шпагети. Во центарот на репортажата била жена што бере шпагети од дрво. Гледачите го преплавиле Би-Би-Си со писма и телефонски повици по емисијата. Сакале да знаат каде можат да набават шпагети-стебло.

Хамбургер за левучари

Во 1998 година, Бургер Кинг објави оглас во весникот USA Today за „Left-handed Whopper“, хамбургер кој е специјално направен за леваци (состојките на хамбургерот при јадењето капат на онаа страна која им одговара на левучарите). Откако левучарите навалиле во рестораните, Бургер Кинг призна дека само се шегува и дека во меѓувреме добил илјадници нарачки за хамбургер кој им одговара на деснаците.