Дали знаете која храна може да ви предизвика главоболка?

Фото: Unsplash
303

Нездравата исхрана која всушност воопшто не е хранлива во однос на витамини и минерали може да биде кобна за вашата глава. Подолу ви откриваме намирници кои многу лесно може да бидат причина за вашите главоболки.

Главоболките се многу чести кај многу луѓе. Тие можат да бидат показател за сериозна здравствена состојба доколку се чести и тешки, па во тој случај задолжително треба да посетите лекар. Но и стресот, заморот, исцрпеноста, гладот ​​исто така можат да бидат причина за главоболка.

Исхраната е многу важен дел од нашето здравје, па лесно може да влијае на главоболката. Запомнете дека вие сте тоа што го јадете, па ако често ве боли главата, обидете се да внимавате на храната што ја јадете.

Нездравата исхрана која всушност воопшто не е хранлива во однос на витамини и минерали може да биде кобна за вашата глава. Подолу ви откриваме намирници кои многу лесно може да бидат причина за вашите главоболки.

  1. Преработена храна
    Салама, колбаси и друга конзервирана храна содржат нитрати кои можат да предизвикаат мигрена.
  2. Ладна храна
    Речиси 90% од луѓето кои страдаат од мигрена се чувствителни на ладна храна како на пример, сладолед.
  3. Чоколадо
    Млечното чоколадо во преработена форма може да предизвика невролошки проблеми.
  4. Сирење
    Сирењето содржи тирамин, амино киселина која често се поврзува со мигрена
  5. Вино
    Виното содржи сулфити кои можат да бидат причина за силни напади на главоболка.