Дали имате слободни соби за пеперутки и пчели?

255

Есента и пролетта се најдобри периоди за поставување хотели за инсекти, бидејќи тогаш тие се во движење и бараат место за криење, хибернација или за правење гнезда и за одмор.

Иако најпознати опрашувачи се пчелите, има и многу други кои се важни за опрашувањето, а меѓу нив, оси, пеперутки, летечки муви, мравки. Тие ги оплодуваат растенијата и на тој начин го овозможуваат производството на поголемиот дел од нашата храна, но се изложени на ризик. Само агроеколошки пристап може да го заштити биодиверзитетот и да го гарантира нивниот опстанок. Да, повторно Тера Мадре. Токму тука го видовме овој прекрасен хотел за инсекти поради кои сите бубачки ќе посакаат да станат опрашувачи.

Токму затоа, оние кои размислуваат на оваа тема ги смислиле таканаречените хотели за инсекти.

Тие се прават во или до градината, таму каде што има зеленчукова градина или овоштарник. Целта е да се обезбеди засолниште за добрите инсекти кои ќе го зголемат опрашувањето за да можете да одгледувате повеќе овошје и зеленчук и да ја зголемите биолошката разновидност и природната рамнотежа за подобра контрола на штетниците.

Кога времето е студено, хотелот со инсекти е засолниште за инсектите кои бараат место да се скријат од дождот, снегот и студот. Во текот на летото тој станува породилно, место со многу гнезда, каде што инсектите ги сместуваат своите младенчиња.

Есента и пролетта се најдобри периоди за поставување хотели за инсекти, бидејќи тогаш тие се во движење и бараат место за криење, хибернација или за правење гнезда и за одмор.

Без разлика дали ги сакате или мразите, инсектите имаат многу корисна улога. Има милијарди од нив зад сцената кои извршуваат задачи за кои, во најголем дел, не сме свесни. Клучната улога на овие скромни суштества е опрашувањето. Без него, една третина од нашите прехранбени култури нема да вродат со плод, ниту да имаат семе за следната генерација.

Како да направите хотел за инсекти?


За изградба на хотели за инсекти се користат природни материјали како што се бамбусови стапчиња, разни гранки, дрвени материјали со издупчени дупки итн. Важно е да се има предвид дека материјалите не смеат да бидат токсични.

Кога е правилно изграден, хотелот со инсекти може да биде совршено живеалиште за инсектите во органска или био градина, овоштарник… Како резултат на зголемената разновидност на инсекти, има подобрување на целокупната еколошка рамнотежа на градината или овоштарникот.
Хотелот за инсекти обично се поставува на еден до два метри од земјата, на место кое не е изложено на директна сончева светлина и силен ветер. Може да има свои носачи или да се закачи на ѕидот на објектот штоп се наоѓа во близина.
Како што се менува сезоната, така ќе се менуваат и видовите на инсекти. Некои ќе се иселат, други ќе се вселат во хотелот. Затоа за време на смената на годишните времиња ќе гледате нови инсекти.

Колку време е потребно за да се вселат инсектите?

Искуствата се различни. Некои градинари велат дека инсектите се вселиле по 2 недели од моментот кога го поставиле хотелот во градината. Други одгледувачи на зеленчук велат дека виделе станари во хотелите 4 недели откако го поставиле хотелот во близина на нивната градина.

Колку време е потребно за да се населат инсектите зависи од времето, бројот на инсекти во вашата област, местото каде што сте го сместиле хотелот, големината и разновидноста на дупките.

Дали ми треба хотел за инсекти?

Можете да одговорите на ова прашање само со набљудување на вашата градина. Ако сте забележале дека инсектите што не ги сакате постојано се враќаат, тогаш зголемувањето на биолошката разновидност на инсектите е вистинскиот пат. На пример, бубамарата во својот краток животен век може да изеде до 5.000 лисни вошки и да положи стотици јајца за тоа време. Имањето богомолка во вашата градина е уште еден златен билет за успех во градината. Тие се како лавови во светот на инсектите и не се пребирливи кога станува збор за нивното мени. Списокот е долг, а колку повеќе инсекти имате во вашата градина, толку подобра ќе биде еколошката рамнотежа.