Дали кога има скара, вие се тепате за печениот кромид?

Фото: Unsplash
438

Можеби нема да верувате, ама на некои луѓе кои, очигледно, не се многу по месото, кога се прави скара, највкусен им е зеленчукот, а се „тепаат“ за кромидот. Всушност, тоа е навистина добар избор

Кромидот секогаш бил дел од нашите оброци, без оглед дали се консумира свеж или во некое јадење.

Можеби нема да верувате, ама на некои луѓе кои, очигледно, не се многу по месото, кога се прави скара, највкусен им е зеленчукот, а најмногу се „тепаат“ токму за кромидот.

Ако се земе предвид дека овој зеленчук е и многу здрав, тие го прават вистинскиот избор. Имено, кромидот е дел и од многу народни лекови кои можат да помогнат во лекувањето на разни здравствени состојби, како на пример, против згрутчување на крвта, за главоболка, тумор,…

Еве неколку примери за тоа како можете да го употребите кромидот во служба на здравјето.

Облоги од кромид
Во случај на главоболка, отекување, болка во ушите и настинка, на воспалените места ставете облози со сечкан кромид.
За висока температура ставете облози со сечкан кромид на нозете.
Во случај на крварење, ставете облози со сечкан кромид на вратот.
За чир или за поткожен чир, изрендајте еден кромид и помешајте го со малку маслиново масло, а потоа ставете го на болното место и држете го 1 или 2 часа.

Сок од кромид
Исечкајте го ситно кромидот и истиснете го сокот. Ако имате воспаление на белите дробови или некоја друга болест, помешајте го сокот со 1 лажица мед и земајте од смесата 2 или 3 пати дневно.
За да го поттикнете растењето на косата, масирајте ја главата користејќи сок од кромид, неколку пати дневно.
Излекувајте ја кашлицата со сок од кромид разблажен со вода. Истиот рецепт важи за чистење на цревата од паразити.
За кожни заболувања тријте сок од кромид во кожата неколку пати дневно.
Против надуен желудник, пијте сок од кромид помешан со ракија во еднаков сооднос.

Варен кромид

За зачестено мокрење и чир, исечкајте 1 главица кромид, помешајте го кромидот во 2 дл вода и варете го со малку рузмарин и 2 дл вино. Додадете мед и пијте 1 лажица на секој час.

Печен кромид

Ако имате проблем со згрутчување на крвта, секој ден треба да јадете една главица кромид прелиена со маслиново масло и потпечена во рерна или во тава на шпорет, и тоа во попладневните часови и навечер.
Кај воспаление на уши, ставете на увото облог со врел печен кромид и држете го така извесно време.
Кај различни видови на тумори, листови на печен кромид ставете на површината од кожата.