Дали можете да ја изедете храната што ви паднала на подот?

Фото: Freepik
214

Што вели науката, дали пет секунди се доволно време за да се загади парче храна со вируси и бактерии? Дали сепак може да се јаде оваа храна?

На повеќето луѓе им е познато ова правило – доволно е храната да биде 5 секунди на подот за да се зарази со бактерии и вируси. Мажите особено го следат ова правило, додека жените почесто си дозволуваат да ја изедат храната што им паднала на подот.

Но, што навистина вели науката за овој проблем? Дали пет секунди навистина се доволно време да се загади парче храна со вируси и бактерии? Дали сепак може да се јаде оваа храна?

Професорот по храна Пол Досон спровел истражување во 2007 година на оваа тема. Но, можеле да го прочитаат само претплатниците на Journal of Applied Microbiology, а резултатите не ѝ биле познати на пошироката јавност.

Сакале да знаат колку бактерии влегуваат во храната за толку кратко време. Тие ставиле бактерија салмонела на плочките, тепихот и паркетот. Пет минути подоцна фрлиле парче леб и мортадела на пет, 30 и 60 секунди. Потоа ја измериле количината на бактерии на храната. Истата постапка ја повторувале на секои два, четири, осум и 24 часа.

Се испоставило дека воопшто не е важно колку долго храната била на подот. Поважно од тоа било колку бактерии имало на таа површина, а тоа со текот на времето се зголемувало како што бактериите се размножувале, пишува CNN.

Видот на подот е исто така важен. Ако вашата храна падне на тепих, ќе собере помалку бактерии отколку ако падне на плочки или на паркет. Кога ставиле салмонела на тепих, само 1 процент од бактериите се префрлиле во храната. Но, ако храната била на плочки или на дрво, 48 до 70 проценти од бактериите се префрлале во неа.

Дали сепак може да се јаде?

До речиси идентични резултати дошло и минатогодишното истражување на Универзитетот Астон во Велика Британија. Во своето истражување, тие откриле дали луѓето смеат да ја јадат храната што им паднала.

Од безбедносна гледна точка, ако имате милиони бактерии на површината, доволни се само 0,1 процент од бактериите за да ве заразат. Некои видови бактерии се шират многу брзо и потребна е само многу мала количина за да се разболите. На пример, само 10 клетки од високо вирулентна форма на E.coli се доволни за да предизвикаат тешка болест, па дури и смрт кај луѓе со намален имунитет. Но, шансата оваа бактерија да се најде на повеќето површини е многу мала.

Не е важно само дали храната паднала на подот, посочуваат експертите, туку се важни и другите посредници- преносни средства како што се кујнските површини, сировата храна и нашите раце и кожа. Затоа е важно површините во кујната каде што се користи сирова храна секогаш да бидат темелно исчистени и често и темелно да ги миете рацете. Внимавајте и на кашлањето и кивањето.

Накусо, следниот пат кога храната ќе ви падне на под – можете да ја јадете. Веројатноста дека ќе се разболите е речиси никаква, но сепак, не е исклучена.