Еликсир од 3 состојки за чистење на црниот дроб

Фото: Freepik
359

Црниот дроб е најпознат по тоа што ги елиминира штетните материи од организмот, но одвреме навреме е добро и ние да му помогнеме

Црниот дроб, најголемата жлезда во телото, е најпознат по тоа што ги отстранува штетните материи од телото, но неговата улога е уште поголема. Тој складира железо и одредени витамини, како и гликоза, која црниот дроб ја ослободува во крвотокот кога на телото му треба повеќе шеќер за енергија. Црниот дроб исто така ослободува стари црвени крвни зрнца, инсулин и други хормони. Затоа е многу важно овој орган да е секогаш во топ форма.
Црниот дроб служи и за складирање на хранливи материи и неутрализирање на штетните материи. Сепак, денешната исхрана е полна со штетни материи кои црниот дроб не може сам да ги уништи, поради што му е потребна секаква можна помош.

Еликсирот кој го чисти црниот дроб и целото тело содржи само три состојки: маслиново масло, сок од лимон и куркума.

Состојки за еликсирот:

1 голема лажица маслиново масло

1 голема лажица сок од лимон

1/2 мала лажичка куркума

Измешајте ги сите состојки и пијте секое утро на празен стомак. И маслиновото масло и сокот од лимон се полни со антиоксиданти кои ги отстрануваат вишокот слободни радикали, ги штитат здравите клетки од оштетување и ги неутрализираат токсините. Куркуминот, активната состојка на куркумата, го регенерира црниот дроб и го ублажува оштетувањето на истиот, а ги отстранува и мастите.