Дали ќе почнат да се наплаќаат влезници за ресторан? Добра идеја или очајнички потег?

Фото: Pexels
198

Поради дивеењето на цените на храната, сопственик на ресторан во германскиот град Рејтингер, направил необичен потег и освен што наплаќа храна и пијалаци, решил на своите гости да почне да им наплатува и влезници. Наместо да им ја наплаќа вода и други непотребни работи, решил да наплаќа 3 евра за влез


Сопственик на ресторан во германскиот град Рејтингер, на веб-страницата на ресторанот ги информирал своите гости дека почнал да наплатува влезници, а ознаки со цената стојат и на масите. Тој истакнал дека ресторанот со овој потег не остварува дополнителна добивка, туку воспоставува „контрола на штетата“.

Така, дури и за да поминат низ вратата и да седнат на маса, посетителите на ресторанот мора да платат три евра. Сопственикот, Хорст Ингендорн, објасни за WDR дека бил принуден на овој потег поради неконтролираното зголемување на цените на храната и енергијата.

„Би сакал да избегнам да ги префрлам зголемените трошоци на моите гости. Но, бидејќи откупните цени се зголемија толку енормно, немам избор. Месото поскапе за 30 до 50, зеленчукот за 30 проценти. Маслото за пржење поскапе за повеќе од 100 проценти, а трошоците за енергија за 2.000 проценти“, рекол Ингендорн.

Сопственикот ги известил своите гости за наплатата за „упад“ на веб-страницата на ресторанот, а таблите се наоѓаат и на масите.

„Цените растат од ден на ден. Во еден момент решив да ги повлечам кочниците и да направам нешто. Наместо да ги зголемам цените на менито и да наплаќам вода и работи што не се потребни, се обидов со додавање три евра, вели тој.

Дали овој потег ќе му успее, останува да видиме. Засега, чувствата на локалните жители се поделени.