Дај дупли кефир и кисела зелка! Со пребиотици и ферментирана храна до намалување на стресот
Префрлувањето на исхрана богата со пребиотици и ферментирана храна може да го намали нивото на стрес, па дури и да го подобри квалитетот на сонот
Научниците од Универзитетскиот колеџ Корк во Ирска велат дека префрлањето на исхрана богата со пребиотици и ферментирана храна може да го намали нивото на стрес, па дури и да го подобри квалитетот на сонот. За потребите на нивното истражување, објавено во списанието Molecular Psychiatry, испитаниците требало да спроведат т.н. психобиотска исхрана, односно исхрана богата со пребиотици и ферментирана храна.
Пребиотски влакна
Секој ден јаделе 6-8 порции овошје и зеленчук богати со пребиотски влакна, како кромид, праз, зелка, јаболка и банани; 5-8 порции житарки; 2-3 порции ферментирана храна, како кисела зелка, кефир или комбуха и 3-4 порции мешунки. Во исто време, субјектите во контролната група се хранеле во согласност со прехранбената пирамида.
Подобар сон
На крајот од студијата, откриено е дека субјектите кои ја спроведувале оваа исхрана имале чувство на помал стрес во споредба со испитаниците од контролната група. Освен тоа, колку поригорозно се придржувале до оваа диета, толку повеќе им се намалувало чувството на стрес. Истражувањето покажало и дека испитаниците во двете групи имале подобар квалитет на сон отколку кога се хранеле на својот вообичаен начин.