Денес е национален ден на љубителите на „monkey butter“

Фото: Unsplash
158

1-ви март е прогласен за Национален ден на љубителите на путер од кикиритки. Толку вкусен, хранлив и корисен, овој путер во Втората светска војна во жаргон е нарекуван и „мајмунски путер“.

Ах, путер од кикиритки. Еден ден не е доволен затоа што за многу Американци, кои се познати како најголеми потрошувачи на овој путер, тоа е секојдневје, спарен, измешан и додаден, со многу вкусни резултати!

Жаргонски, во Втората светска војна, овој деликатес е нарекуван путер и „мајмунски путер“.

Имено, еден ден мајмун ја посетил лабораторијата во Келог и ја испуштил својата банана во тегла со путер од кикиритки и оттогаш е всушност и најпознатата и според многумина највкусна комбинација на банана со путер од кикиритки.

Путерот од кикиритки и бананите биле добра комбинација дури и за еден крал. Да, се мисли на „кралот на рокенролот“ Елвис Присли кој обожувал сендвичи со путер од кикиритки и банана.

Тогаш путерот од кикирики го доби својот пасош и го обиколи светот.

Забавни факти за путерот од кикиритки:

Потребни се околу 540 кикиритки за да се направи тегла од околу 350 мл путер од кикиритки.

Ц.Х. Самнер прв пат продавал путер од кикиритки во Соединетите Држави на Универзалната изложба во Сент Луис. Тој заработил 705,11 долари од „новото задоволство“ на неговиот штанд за концесија.

Најстариот оперативен производител и продавач на путер од кикиритки продава путер од кикиритки од 1898 година.

Американците трошат речиси 800 милиони долари годишно на путер од кикиритки.

Споделете ги вашите омилени комбинации со путер од кикиритки.